Еве какви фармерки порано носеле Југословенките, но и девојките од целиот свет (фото)
Кога размислуваме за фармерките, сите имаме некој познат идол.
Шик девојка од поранешната Југославија
Тоа се икони на минатото (и машки и женски) кои прават да се насмееме и да се потсетиме на вистинската историја поврзани со памучните дијагонални линии низ вековите. Од Фара Фосет и Бритни и Џастин, па се до рекламата за „Lee Cooper“ која беше вистински хит во бившата Југославија, пронајдете ги вашите омилени фармерки подолу.
Фара Фосет во Чарлиевите ангели
Кога заносната Фара Фосет го бркаше со скејтборд осомничениот во ТВ серијата „Чарлиевите ангели“, светот повеќе се фокусираше на нејзините сини тексас фармерки со висок струк, отколку на заплетот. Децении подоцна, стилот од ’70-тите е повторно на сцена и не можеме а да не се потсетиме на беспрекорниот изглед на Фосет.
Дејзи Дјук
Актерката Катерина Бах глумеше лик по име Дејзи Дјук во телевизиската серија Војводите од Хазард. Без разлика дали знаете или не за еден сегмент од таа серија или за убавицата со долги нозе, сигурно ги паметите нејзините шорцеви. Уште од својот прв настап на екранот, ултра кратките шорцеви добија и соодветно име – „Дејзи Дјук“.
Погледнете ги и другите славни (и незаборавни) фармерки:
Брук Шилдс за „Calvin Klein“
Брус Спрингстон
Екипата од серијата Беверли Хилс 90210
Сузан Сарандон и Џина Дејвис во фармерки за мајки во „Телма и Луис“
Синди Крафорд во реклама за Пепси
Марк Велберг и Кејт Мос
Бритни Спирс и Џастин Тимберлејк
Шик девојки од бившата Југославија
Еве како изгледаа Југословенките во средината на 80-тите. Фотографиите се на Феџа Клариќ и се совршен потсетник на модата од тоа време на овие простори.
Бели спортски чорапи и.. па се резбира – фармерки!
Инаку, белите фармерки се во мода и оваа сезона!
Повторно весела Југословенка во балетанки и тесни фармерки
И секако дека не смееме да го скокнеме брендот кој некогаш го обожававме. Тогаш немаше толку многу брендови како сега, но сепак, квалитетот беше на многу повисоко ниво.
{youtube}x1Ans-YcDjo{/youtube}
Станува збор за брендот „Lee Cooper“ кој беше вистински хит на овие простори . Многу девојки за прв пат носеа фармерки во животот току од овој бренд, а не мал е и бројот на оние кои тогаш за прв пат пробаа вистински бренд. Тие беа во светло сина боја, со логото на задниот џеб и најчесто мораа да одат на кратење, но во тоа време машините за шиење беа распространети, па секој во својата зграда или маало имаше по некоја кројачка кај која ќе можеше да ги среди фармерките. Среќничките што ги имаа овие фармерки беа меѓу најпопуларните девојки и им завидуваа сите.
Па, дали се сеќавате на вашите први фармерки?