Реклама
Модни совети

Какви фармерки НЕ треба да носите според формата на телото

Реклама

Можете да најдете многу совети за тоа какви фармерки најмногу ви одговараат според формата на телото, но, за волја на вистината, секој може да изгледа супер во различни модели на фармерки.

Затоа не треба да се ограничувате на одреден модел, на пример со висока или ниска половина, со широки или тесни ногавици, или пак на боја на тексасот, потемни или посветли, туку треба да имате повеќе различни модели и нијанси кои ќе одговараат на формата на вашето тело. На крајот на краиштата, во различни ситуации се носат различни модели на фармерки и сите ние треба да имаме повеќе модели на располагање. Но, треба да имаме во предвид дека некои модели едноставно НЕ ни одговараат според формата на телото и едноставно мораме да ги избегнуваме.

Маркетинг

Разгледајте ја галеријата со најлошите фармерки за вашата форма на телото и имајте ги во предвид овие сугестии кога следниот пат ќе купувате фармерки.

 АТЛЕТСКО ТЕЛО 

Маркетинг

Какви фармерки НЕ треба да носите: со прави ногавици

Фармерките со прави ногавици едноставно ќе висат на атлетското тело и нема да му даваат никаква форма или облини. Ако имате атлетско тело барајте фармерки со додатоци како патенти, копчиња, или фармерки составени од различни парчиња на тексас. Се препорачуваат моделите кои завршуваат со пошироки ногавици („bootcut“) или модели кои се потесни во задникот и колковите, но малку пошироки околу листовите и глуждовите на нозете.

 

Пробајте со еден ваков пар од „Pierre Balmain“ (сликата горе).

 ТЕЛО СО ФОРМА НА ЈАБОЛКО 

Какви фармерки НЕ треба да носите: со ниска половина

Фармерките со ниска половина најдобро одговараат на пониски и послаби девојки и треба да ги избегнувате ако стомакот не ви е јака страна. Најдобри модели за телото во форма на јаболко се моделите со висока половина (најдобро да завршуваат точно под папокот)  кои ќе ви го стегнат стомакот и ќе ја истакнат половината.

Обидете се со фармерки со висок струк (plus size)

 ТЕЛО СО ФОРМА НА КРУША 

 

Какви фармерки НЕ треба да носите: избелен тексас

Избелениот или посветол тексас на колковите ќе ја истакне оваа област и ќе направи да изгледа поголема. Наместо тоа, барајте фармерки кои се потемни во горниот дел и полека осветлуваат надолу, или едноставно определете се за фармерки во темни нијанси кои визуелно ќе ги намалат критичните делови.

Обидете се со: Plus Size Sheri Skinny in Indigo Metallic Snake

 НИСКИ ДЕВОЈКИ 

Какви фармерки НЕ треба да носите: машки кроеви

Избегнувајте ги сите модели кои се широки бидејќи ќе немате никаква форма. Сите (по)широки фармерки ќе изгледаат како да ви се големи. Определете се за порамни ногавици и потесни модели. Ниските девојки со слаби нозе ќе изгледаат одлично во припиени фармерки до глуждовите, иако нема визуелно да изгледаат повисоки.

Пробајте со овој модел – Miss Me skinny jeans ($69) instead.

 КРУПНИ ДЕВОЈКИ 

Какви фармерки НЕ треба да носите: ѕвонарки

Иако на прв поглед изгледа чудно, покрупните девојки треба да ги избегнуваат широките модели и да избираат модели со тесни ногавици, најдобро долги до глуждот. Ѕвонестите модели се шират на глуждовите и придонесуваат да изгледате уште поголеми.

Jessica Simpson – Kiss Me Denim Leggings (Plus Size)

 ВИСОКИ ДЕВОЈКИ 

Какви фармерки НЕ треба да носите: со висока половина

Високата половина уште толку ќе ви ги издолжи нозете. Затоа, определете се за фармерки со ниска половина или тесни во колковите кои ќе ви ги истакнат долгите нозе и рамниот стомак и истовремено ќе му дадат пропорции на вашето тело.

Обидете се со: Try these Citizens of Humanity low-rise jeans ($176) instead.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button