Каква трансформација на Андријана Јаневска – може да ѝ позавидат и топ моделките (Фото)
Знаеме дека шминката прави чуда, но ваква трансформација кај пејачката досега не сме виделе.

Природно убавата и секогаш негувана Андријана (43), овојпат се надмина себеси. Фотографијата ја сподели на социјалната мрежа Фејсбук, и сосема оправдано, за помалку од час собра куп лајкчиња и воодушевувачки коментари.
На исончаниот тен е додадено бронзено руменило и нежно-кафена сенка над очите, додека карминот е нежно-розов. Косата е средена во благи бранови, а женственото деколте го фокусира вниманието токму на убавото лице.

„Убавица“, „Дама“, „Кукла“, се само дел од комантарите меѓу низата бакнежи и срценца испратени од обожавтелите на музичарката.
Потсетуваме, на почетокот на јуни Андријана сподели фотографија од одмор, покажувајќи го тонираното тело.

И покрај тоа што е мајка на две деца, пејачката и денес, во петтата деценија од животот, изгледа беспрекорно.