Реклама
Модни совети

Каква облека НЕ треба да носите на новогодишна забава

Реклама

Избравте што ќе носите за новогодишната забава?

Наш совет е да изберете нешто во што ќе се чувствувате убаво и удобно, но и со што ќе го покажете вашиот стил во најдобро светло. Но во изборот на вашата празнична комбинација не заборавајте дека постојат некои правила кои треба да ги почитувате и облека која не треба да ја носите во овој период во годината. Прочитајте во продолжение кои се тие …

Маркетинг

Не треба да носите прекратка облека, освен ако не носите хеланки под неа.

Маркетинг

Големо деколте повеќе не е во мода. Верувајте ни!

Не носите премногу тесна облека. Можеби вашето тело изгледа совршено но по неколку пијалаци и малку храна вашиот стомак може да се подуе и зголеми, па може да се случи да не се чувствувате пријатно.

Заборавете на тексас шорцеви и летни фустани. Освен ако не планирате Нова година да ја поминете во Австралија и ако фустаните не ги носите врз панталони или фармерки.

Ако сте една од оние дами кои не можат да издржат во високи потпетици, тогаш не треба ни да ги носите за дочек на Нова година.

Облечете било што во кое можете да играте. Каква е поентата ако бидете на некоја луда забава, а не можете да се опуштите и забавувате. Затоа изберете нешто комотно во кое ќе можете да танцувате цела вечер.

Најубавите високи потпетици за дочек на Нова година >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button