Каква мајка, таков син, но ќе се изненадите и од снаата на пејачката – погледнете колку си личат со свекрвата
Наследникот на нашата позната пејачка Даниела Темелковска е вистински фраер, но неговото срце веќе припаѓа на една друга русокоса убавица...
Блеска секогаш кога настапува со него
Русокосата Даниела Темелковска и денес важи за една од нашите најпознати, но и најубави пејачки од фолк-сцената.
Во последно време често ја гледавме и во „Мерак меана“ каде со своите настапи знае да ја крене атмосферата и да направи одлична забава, но и на социјалните мрежи на кои е поприлично активна.
Имено, и Даниела како и бројни нејзини колешки речиси секојдневно споделува моменти од своите настапи, но и од приватниот живот, а нејзините објави секогаш предизвикуваат внимание.
Инстаграм/ Даниела Темелковска
Впрочем тоа можевме да го видиме и неодамна кога пејачката сподели неколку кадри од еден свој настап.
Но она што сите исто така ги изненади е тоа што пејачката не пропушта прилика да се пофали и со својот наследник.
Инстаграм/ Даниела Темелковска
Имено, нејзиниот син Даниел Блажевски тргна по нејзините стапки, па сега многу често знаат и заедно да запеат и да ги развеселат гостите.
Инстаграм/ Даниела Темелковска
Па така тие настапуваа вчера заедно во еден познат ресторан, а и за Нова година ќе ги забавуваат гостите во еден хотел.
Инстаграм/ Даниела Темелковска
И под секоја заедничка објава на атрактивната пејачка со нејзиниот син најмногу се радуваат нејзините помлади обожавателки.
Но за сите нив имаме тажна вест – имено, срцето на овој вистински шмекер не само што е освоено, туку тој има и ќеркичка.
Инстаграм/ Даниел Блажевски
Имено, Даниел во 2022 година и се заколна на вечна љубов на својата сакана Ема која следната година ја роди малата Јана.
Инстаграм/ Даниел Блажевски
Па така Темелковска неодамна ги изненади сите и со фотографија на кој е со својата снаа, и тоа од нивната свадба.
Пејачката на овој начин и го честиташе роденденот на снаата, но воедно откри и дека е во одлични односи со неа.
Како изгледаше и овој момент, погледнете во продолжение..
Инстаграм/ Даниела Темелковска
И според многумина, тие на оваа фотографија изгледаат како другарки, па дури и како сестри, а не како свекрва и снаа.
Што мислите вие?