КАКВА МАЈКА СТЕ СПОРЕД ХОРОСКОПОТ: Девиците премногу се грижат, Водолиите се креативни, Шкорпиите…
ШКОРПИЈА
Предности: силна, интуитивна
Недостатоци: премногу контролира, параноична, емоционално нестабилна
Кога мама-Шкорпијата е расположена, сè е супер, кога не е, сите бегаат од неа, дури и децата. Многу заштитнички сте настроена кон нив и брзо се прилагодувате на новата улога како мајка. И покрај тоа што може да бидете злобни кон остатокот од светот, крај детето просто се топите. Ќе дадете сè од себе за вашето дете да има сигурна иднина, така што умеете да одвоите пари за нивните студии уште и пред да се родат. Животот со мама-Шкорпија може да биде исцрпувачка партија шах, но кралицата е, сепак, најсилна фигура. А во мајчинството од непроценлива помош ви е интуицијата на која секогаш се потпирате.
СТРЕЛЕЦ
Предности: авантуристка, мудра, духовита
Недостатоци: рамнодушна, крута, неорганизирана
Живеете за тој момент и мајчинството е вистинска авантура за вас. Иако држите до својата слобода, ова може да биде шок за вас. Вие да бидете нечиј авторитет? Се чини невозможно. Приоритет треба да дадете на потребите на други и да се прилагодите на новата ситуација. Бидете внимателни, бидејќи сте брзоплети, а во мајчинството не би требало така. Затоа вашата спонтаност е супер, бидејќи сте во можност да ги ставите децата во автомобил и да тргнете некаде без план. Точно е дека слободата е ваше средно име, ама важно е да ги вклучите децата во речиси сè што правите, бидејќи тие, сепак, само сакаат да бидат со мама.
ЈАРЕЦ
Предности: организирана, цени традиционални вредности, доследна, трпелива, промислена
Недостатоци: нервозна, премногу се грижи, песимист, сомничава
Понекогаш се чини дека вие сте повеќе тато отколку мама, па дури и двата родители одеднаш. Не дека немате женствена страна, ама редот и дисциплината ви се во крвта. Држите до тоа дека децата треба да ги научите сè што треба да знаат. Сакате блискост со нив, но не и да сте им најдобра пријателка. Не покажувате емоции преку нежност, туку преку дејствување. Вие сте силата што влече сè и која сè држи на рамениците за да се грижите за децата. Сепак, понекогаш малку забавите.
ВОДОЛИЈА
Предности: дружељубива, весел дух, креативна
Недостатоци: ограничена, отуѓена
За вас не важат никакви правила. Најдобро ви е во вашиот креативен хаос и со вас никогаш не е досадно. На животот гледате како на голема авантура и сакате вашите деца да ја доживеат магијата на ова патување. „Очекувајте го неочекуваното“ е она што најдобро ве опишува. Не се врзувате премногу, па поврзаноста со детето е крајно зачудувачки за вас. Често кај вас е сè топло-ладно, но сепак со мајчинството откривате нов, неверојатно убав свет, којшто конечно ве вкоренува. Осигурајте се дека сепак ќе го задржите вашето „јас“ и после породувањето. Правете го сето она што сте го правеле и пред да станете мајка.
РИБИ
Предности: посветени, грижливи, креативни
Недостатоци: манипулативни, непостојани
Духовни, емотивни и мудри – знаете да се гледате себе си како божица. Но, затоа сте секогаш тука за децата и секогаш подготвени за авантура – непланирано патување, шетање… Сепак, умеете да бидете непостојани, понекогаш и да ги избрукате децата кога ќе пораснат со несоодветни постапки. Бидејќи мразите некој да ви диктира кога и што да правите, може да имате проблеми со хранење и заспивање на бебето. Најдобро е тогаш да имате нечија помош. Вашето дете секогаш ќе знае дека сте нагова најголема поддршка и дека сè ќе дадете за неговата среќа. Дефинитивно ќе биде мазено и пазено – од вас, се разбира. Вие сте мама, најдобрата пријателка, советник, и сè правите со неверојатна леснотија.