Реклама
Хороскоп

КАКВА МАЈКА СТЕ СПОРЕД ХОРОСКОПОТ: Девиците премногу се грижат, Водолиите се креативни, Шкорпиите…

Реклама

 

РАК

Маркетинг

Предности: емотивна, предадена на обврските
Недостатоци: претерано заштитнички настроена, променливи расположенија, љубоморна, плашлива

Вие сте вистинска мајка! Тоа ви е во крвта уште од малечка, кога сте се грижеле за куклите како да се бебиња. За вас породувањето дома и што е можно подолго доење се вистинските работи. Семејството ви е сè на светот и обично градите длабока поврзаност со децата за цел живот. Сепак, понекогаш може да бидете сноб, но штом еднаш ќе пуштите некој во вашиот живот, тоа е засекогаш.

Маркетинг

ЛАВ

Предности: роден лидер, креативна, самоуверена
Недостатоци: нарцисоидна, премногу енергична, кралица на драми

Мајките Лавици секогаш се забележителни, каде и да се, а на мајчинството се предаваат целосно. Се трудите да бидете секогаш тука за вашето дете, од него да создадете соодветна личност за пример, која ќе прави големи нешта. Понекогаш може да имате големи очекувања од своите деца, па може да ги преоптоварите. Ништо не може да ви застане на пат кога нешто ќе решите, а особено сакате да ги размазите децата со прекрасен подарок, бидејќи тие се ваша гордост и радост.

ДЕВИЦА

Предности: организирана, здраворазумско размислување, интелигентна
Слабости: сака да осудува, многу се грижи, премногу анализира

Мајките Девици се мешавина од спротивности. Некои мајки во родителството пливаат како риба во вода, а некои, сепак, мора да се прилагодат и да се снајдат. И покрај вашата преоптовареност, бидејќи секогаш премногу размислувате и сакате сè да е во совршен ред, некогаш сепак умеете и да се опуштите. Пазете да не отидете премногу далеку, затоа што колку и да фантазирате и сакате сè да биде совршено, вистинските мајки се, сепак, се само жени од крв и месо, од оваа планета.

ВАГА

Предности: трпелива, фер
Недостатоци: недоследна, суетна, сноб

Ако се остварите како мајка, ќе ја најдете онаа рамнотежа во животот за која толку многу трагате. Тогаш сè добива смисла, а вие ќе го добиете вистинскиот фокус. Длабоко во душата, вие сте најсреќна кога имате за кого да живеете, а за тоа се децата. Уживате во сите волшепства кои мајчинството ги носи со себе, да си играте со децата и да го користите секој момент од нивното растење. Имате трпение да им објасните зошто небото е сино и каде точно отишла златната рипка од аквариумот откако умрела. Внивамајте главна цел да не ви стане да ги покажувате децата на другите. Сепак, тие не се експонати, а здрава дистанца меѓу родителите и децата не е на одмет.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3Следна страница

Поврзано

Back to top button