Кафе муабетХороскоп

Каква боја на паричник привлекува пари – откријте според вашиот хороскопски знак!

Изберете ја вистинската боја на паричник за да ја зголемите својата финансиска среќа и да привлечете нови можности, според астролошките препораки!

Advertisement

Астролозите веруваат дека секој хороскопски знак има свои енергетски потреби, а тоа вклучува и избор на бои кои најдобро одговараат на неговите финансиски прилики.

Ако сакате да привлечете повеќе пари, да отворите нови можности за заработка или да ги зачувате своите финансиски средства, размислете за бојата на паричникот која е во согласност со вашиот хороскопски знак. Ова ќе ви помогне да ги подобрите вашите финансии.

Advertisement

ОВЕН

Овните се полни со енергија и иницијатива, но често им недостасува стабилност во управувањето со парите. Браон паричник симболизира заземјување и постојаност, им помага на Овновите да управуваат со приходите и ги поттикнува да имаат континуиран прилив на пари.

БИК

Како знак кој сака безбедност, комфор и луксуз, на Биковите им е важно парите постојано да пристигнуваат и да ги сочуваат своите вредности. Зелениот паричник симболизира природа, раст и финансиска стабилност. Ова е боја која привлекува пари на Биковите и им помага да ги задржат.

БЛИЗАНЦИ

Радозналите и динамични Близанци често имаат непредвидливи финансиски текови. Сивиот (или за дамите сребрен) паричник ќе внесе баланс и ќе помогне да се заврши месецот без да се влезе во минус. Овие бои ја поттикнуваат практичноста и подобрата организација.

Advertisement

РАК

Чувствителни и емотивни Раковите имаат силна интуиција и често знаат кога треба да штедат, а кога да трошат. Синиот или бел паричник ја засилува нивната интуиција и им носи мир и финансиски раст. Им помага да се носат со промените полесно.

ЛАВ

Лавовите ги сакаат луксузот и престижот, а успехот им доаѓа кога се чувствуваат моќно. Црвениот паричник, особено од вистинска кожа, симболизира сила и богатство. За нив, што полуксузно – тоа подобро, бидејќи така привлекуваат повеќе успех и пари.

ДЕВИЦА

Практичните и аналитични Девици тежнеат кон ред и во финансиите. Црниот или браон паричник од вистинска кожа внесува структура и безбедност. Материјалниот квалитет е важен за нив, па се советува да не избираат евтини опции.

ВАГА

Вагите се фокусирани на баланс и хармонија, па така и во финансии тежнеат кон рамнотежа. Синиот или браон паричник ќе им помогне да постигнат баланс меѓу трошоците и заштедата. Важно е и паричникот да биде естетски привлечен – тогаш се чувствуваат поповолно и посигурно.

ШКОРПИЈА

Страстните и моќни Шкорпии имаат длабока врска со парите – за нив, парите се средство за контрола и слобода. Црвен или жолт паричник ја зголемува нивната моќ да привлекуваат богатство и им помага да останат финансиски независни.

пекселс

СТРЕЛЕЦ

Стрелците ја сакаат слободата и често се во движење, а парите им доаѓаат изненадно. Темносиниот паричник им обезбедува финансиска заштита, стабилност и им помага помалку да се рафрлаат и повеќе да инвестираат во корисни нешта.

ЈАРЕЦ

Јарците се дисциплинирани и штедливи, па им одговараат класични црни или сиви паричници. Овие бои симболизираат авторитет, сигурност и постојаност – токму она што Јарците го ценат во животот.

ВОДОЛИЈА

Иновативните и непредвидливи Водолии често ризикуваат, но знаат да профитираат изненадно. Белата или сивата боја на паричник ја зголемува нивната креативна енергија и им помага да привлекуваат неочекувани добивки од необични извори.

РИБИ

Интуитивните Риби често немаат стабилни финансии, бидејќи повеќе се водат од чувството отколку од логиката. Светлосината боја на паричник им помага да ги усогласат своите соништа со реалноста и да привлечат среќа и благосостојба.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button