Можеби не знаевте дека некои хороскопски знаци повеќе ви одговараат од други. Но, време е да откриете каков маж заслужувате според вашиот хороскопски знак. Можеби сакате некој кој е забавен, можеби барате некој кој ќе ви подарува подароци и ќе ве води на романтични патувања… Дознајте во продолжение!
Овен – интелектуалец
Овните се независни и логични суштества, па ним им треба некој интелектуалец со кој ќе навлезат во длабоки филозофии.
Бик – маж со јака волја
Жената Бик сака маж кој е нурнат во љубовта и страста. Сака некој самостоен, а ништо не ѝ е попривлечно од маж со силна волја.
Близнаци – искрен маж
Близнаците сакаат некој кој без двоумење ќе го каже своето мислење, но исто така и забавен и разигран.
Рак – маж со добро срце
Жената Рак бара маж како неа – некој кој е искрен, чесен и способен за здрав однос.
Лав – маж кој знае да флертува
Лавот ја цени верноста и мотивираноста, но сепак сака и маж кој одвреме-навреме ќе знае да флертува со неа.
Девица – трпелив маж
Девицата не им се отвора брзо на другите, па затоа односите со неа често се тешки. Затоа, потребно е некој кој ќе има огромно трпение.
Вага – верен маж
Вагата е позната по својата тврдоглавост, а нејзе ѝ одговара верен и прилагодлив маж, кој е супер комуникативен и кој ќе знае да се изразува.
Скорпија – страствен маж
Скорпиите се особено страствени и затоа сакаат некој сличен на себе. Ним исто така им треба и некој трпелив, особено кога ќе почнат неволјите.
Стрелец – сензуален маж
Стрелците се и авантуристи и лежерни. Жената Стрелец сака сензуален маж со добра смисла за хумор кој ја разбира напнатоста во стресните ситуации.
Јарец – внимателен маж
Јарците се паметни и сериозни, а за себе бараат внимателен маж кој напорно ќе работи, но кој истовремено ќе биде и забавен.
Водолија – шармантен маж
Водолиите се креативни и имаат авантуристички дух. Жената Водолија бара шармантен и страствен маж, некој кој е друштвен и со кој ќе се чувствува сигурно.
Риби – романтичен маж
Рибите се емоционални и искрени суштества. Тие сакаат однос со некој кој е сочувствителен и внимателен, баш како и самите тие. Ја ценат романтиката, па затоа бараат и романтични мажи.