Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Каков моден стил имаат жените Близнаци?

Реклама

Жените Близнаци имаат младолик изглед, па во позрелите години слободно може да разменуваат облека со нивната ќерка.

ФОТО: whowhatwear.com

Животниот стил на овие жени бара богата гардероба. Тие не можат два пати по ред да носат ист фустан. Имаат незаситна желба за нови работи, па секогаш ги следат модните парчиња кои се на попуст. Делот од телото кој најмногу го истакнуваат се нивните раце, кои дополнително ги нагласуваат со некој оригинален џемпер, а посебен акцент ставаат на необичните ракави. Повеќе сакаат синтетика од природен материјал. Сакаат жолта или флуоросцентни бои, за да бидат забележани.

Што се однесува до парфемите, овој хороскопски знак обожава квалитетни парфеми, што е од особено значење. Кога се шминкаат пак, кај овие жени доминираат и светлите и темните нијанси. Исто така типично за овие жени е тоа што честопати облеката ја одбираат според расположението, и не практикуваат многу модни додатоци. Она што не го пропуштаат е ташна и чевли за секоја прилика, при што ги имаат во изобилство, а повеќето не ги користат повеќе од еден пат.

Маркетинг

Жените Близнаци по природа се шармантни, а речиси во секое време имаат некои додворувачи. Доколку можете да се справите со нивниот темпераментен карактер, тогаш дефинитивно до себе треба да имате жена Близнаци која ќе ви понуди безброј возвудливи авантури!

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button