Секоја дама која посветува внимание на својот изглед има по некој трик кој и помага полесно да ги поднесе откажувањата и трудот.
Познатата фитнес инструкторка Ана Каисер помага на Шакира да биде во врвна форма. Ана неодамна откри дека познатата колумбиска пејачка вежба во теретана пет пати во недела, но нејзината цел не е да изгледа така добро туку добро да се чувствува.
„Комбинираме кардио и вежби за сила. Целта е да ја зголемам нејзината издржливост како би можела да држи двочасовни концерти секоја вечер на нејзината петомесечна турнеја“ вели нејзината инструкторка по фитнес.
Токму затоа за време на вежбањето со посебна апликација внимание посветува на правилното чукање на срцето, што е многу корисна алатка. „Некогаш можете да дигате тегови и да мислите дека вежбате најјако што можете, но апликацијата за следење на отчукувањето на срцето покажува дека мускулите не работат така силно како што мислите. Тогаш јас сум туку за да ви дадам уште потешка задача“, вели низ насмевка Ана Каисер.
Покрај редовните тренинзи, таа на познатата пејачка и има препишано и посебен режим на исхрана.
Шакира, имено, јаде на секои два до три часа по една помала порција храна, а на менито секој ден има риба и супа. Појадокот ручекот и вечерата обилуваат со протеини, свеж зеленчук и мала количина овошје со низок глихемиски индекс. Помеѓу оброците најчесто јаде супи кои ја заситуваат, но немаат голема калорична вредност. Интересно е тоа што и поранешната позната манекенка Синди Крафорд кога сака да ја доведе линијата во ред во својата исхрана вклучува голем број супи и чорби.