Парфеми

Како за 100 денари да направите најубав парфем од една кујнска состојка – ќе заборавите на скапите мириси!

За разлика од некои комерцијални парфеми полни со синтетички хемикалии, овој домашен парфем нуди поприродна и понежна опција за оние кои внимаваат што ставаат на кожата.

Добар парфем никогаш не е евтин и не секој може да одвои стотина евра, и повеќе. Но, добрата вест е што  постои едноставен начин секогаш да мирисате совршено, а тоа да ве чини помалку од 100 денари.

Најдобро од сè е што главната состојка сигурно веќе ја имате дома, а ако ја немате ќе ја најдете во најблиската продавничка – тоа е екстрактот од ванила.

Овој пат, ванилата нема да ја користите за колачи. Инфлуенсерката Елизабет Монахан во видео објавено на Тик-ток ја откри тајната на овој домашно приготвен парфем.

Реклама

Елизабет вели дека сите ја прашуваат која е нејзината тајна и како успева секогаш да мириса убаво. Таа открива дека екстрактот од ванила го нанесува на вообичаените места каде што се нанесува секој парфем.

Познат по својата топла и слатка арома, екстрактот од ванила, кој се користи за колачи, може да се користи и како мирис. Елизабет го нанесува директно од шишенцето на своите пулсни точки.

Во нашите продавници, шишенце екстракт од ванила чини помалку од 100 денари што го прави најевтината замена за парфем што некогаш ќе ја најдете.

Маркетинг

За разлика од некои комерцијални парфеми полни со синтетички хемикалии, екстрактот од ванила нуди поприродна и понежна опција за оние кои внимаваат што ставаат на кожата.

Како да направите ванилин спреј?

Ако повеќе сакате спреј, измешајте екстракт од ванила со вода (во размер 1 напрема 3 во однос на водата) во шишенце со распрскувач и добро протресете за да се соедини. За посилен мирис, можете да го прилагодите односот, користејќи повеќе екстракт од ванила ако сакате.

Најдобро е мирисот да го ставите на вратот, зад ушите, па дури и зад колената. Овие топли делови од телото помагаат мирисот поефикасно да се шири, создавајќи суптилна и примамлива арома во текот на целиот ден.

Се разбира, се препорачува пред да го искористите екстрактот од ванила како парфем, да направите тест на кожата за да бидете сигурни дека немате алергиски реакции. Нанесете мала количина од мешавината на кожата и почекајте 24 часа за да видите дали ќе се појави иритација.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button