Сите ги знаеме оние кои одат на фитнес или во теретана редовно ден за ден?
Шест часот е попладне и знаете точно каде може да ги најдете. Една нова студија објавена во списанието Здрав психологија докажува дека овој вид луѓе по природа се различни од оној вид кој одвреме-навреме се откажуваат од редовното вежбање. Но, уште подобра вест (особено за оние од нас кои се во втората категорија) е дека разликата е нешто што може да се развие и да се зајакне во текот на времето.
НАВИKА
Сте го слушнале овој совет и порано: Не мислете дека вежбање е како домашна работа. Но, кај истрајните вежбачи овој концепт им е прираснат на срце. Студијата покажува дека најконзистентните вежбачи се оние кои вежбањето го направиле дел од една специфична навика. Наместо да размислуваат за вежбањето како активност сама по себе, тие го поврзеле со нешто поголемо, како намалување на стресот по работното време или, едноставно, како дел од утринската рутина. За овие луѓе, вежбањето е суштински врзано за навика и тие го прават тоа речиси автоматски, без размислување. Сигналот е или внатрешен – Денес беше долг ден … Сега е време да се издувам во салата, или надворешен – кога алармот ќе се исклучи, тие се будат и ги врзуваат патиките за фитнес (не го удираат копчето за будење, не се превртуваат в кревет и не дебатираат дали утрото е погодно за тренинг или не).
СТУДИЈА
Истражувачите ја нарекоа оваа навика „поттикнувачка“. Тие сакаа да видат дали таа поттикнувачка навика е добар показател за тоа дали некој ќе се држи до својата рутина на вежбање. И беше. Единствениот фактор кој предвиде колку често некој ќе вежба во текот на студијата беше силата на нивната поттикнувачка навика.
Истражувачите исто така открија дека таа станува посилна со текот на времето. Кога некој ќе почна да вежба почесто, таа навика да го поврзат вежбањето со одредена цел од нивната редовна рутина се зајакнува. Другите фактори што студијата ги проценуваше (како на пример „извршувачка навика“ – навика само да се вежба без да се размислува за тоа) немаа таков ефект.
ШТО ТОА ЗНАЧИ ЗА ВАС?
Главната информација овде е дека дури и ако не спаѓате во првата категорија со поттикнувачка навика, може да стигнете таму. Тешко е рутински да се вратите во салата за вежбање по подолги паузи (вклучувајќи и доживотна пауза). Но, ако го направите тоа, ќе се исплати и конечно ќе почнете сè почесто да чувствувате дека вежбањето е помалку како задолжителна домашна работа, а сè повеќе како дел од вашата дневна рутина. Поуката од оваа приказна? Интегрирајте го вежбањето во вашиот секојдневен живот и тоа може да стане ваша доживотна навика.
Дали имате високи или ниски поттикнувачки навики?
Искажете го вашето мислење подолу!
Извор: byrdie.com