Диети

Kако успешно да се решите од вишокот килограми

Реклама
Реклама

Велигден помина, а после семејните собири и вкусната храна, повеќето жалат што уживале во богатата трпеза. Со овие 14 трикови, празничните килограми брзо ќе отидат во заборав.

Маркетинг

1. Бидете реални

Неделно може да ослабите до еден килограм и не треба да очекувате повеќе. Повеќе од тоа не е ни здраво, а нити пак се препорачува. Доколку сакате повеќе, ќе останете разочарани, а потоа ќе се откажете и од првобитниот план. Па така може да се случи да се здебелите уште повеќе, па затоа размислувајте вака: еден килограм помалку е многу подобар резултат од уште повеќе дебелеење.
 
2. Пијте вода

Луѓето честопати мислат дека се гладни, а всушност на организмот само му недостасува вода. Затоа следниот пат пред да ’грицнете‘ нешто, помислете кога последен пат сте виделе вода. Некои стручни лица дури препорачуваат да испиете чаша вода пред самиот оброк за да изедете што помалку храна.

Маркетинг

3. Одредете  ритам

Не треба да бидете престроги кон самите себе и да практикувате премногу напорни режими, затоа што бргу ќе се откажете! Подобро одредете понекој оброк од ’недозволената‘ храна што порано во денот, а потоа држете се до зададените правила. Тоа нема да ја наруши диетата, а вие ќе се чувствувате подобро.

4. Избројте до 10

Некои студии велат дека желбата за храна поминува за десетина минути ако навистина не сте гладни. Наредниот пат кога ќе добиете желба за сочен сендвич или чоколадо, избројте до десет, размислете дали навистина сте гладни и можеби полесно ќе му одолеете на несаканиот оброк.

5. Јадете почесто

Луѓето кои после диетата успеваат да ја задржат својата тежина јадат околу пет пати дневно. Лесните, чести оброци можат да го намалат апетитот, да ви дадат повеќе енергија, да ги подобрат расположението, па дури и да го забрзаат метаболизмот и на тој начин да се согорат повеќе калории.

6. Од недела во недела

Не можете да ослабите преку ноќ, ниту да го направите тоа наеднаш. Затоа одредете една работа која ќе ја правите секоја недела, за правилно да слабеете и да ги промените лошите навики.

7. Десет отсто од планираното

Луѓето кои успешно ќе ги загубат првите десет отсто од зададената тежина, поуспешно ја губат несаканата тежина до конечната цел. Тие први килограми обично се добра мотивација, затоа што во таа фаза стомакот малку спласнува, па понатаму станува полесно. Затоа за почеток, одредете десет отсто од вкупната тежина која сакате да ја изгубите.

8. Намалете ги оброците

Порцијата вечера или некој друг обилен оброк намалете го за третина. Така ќе внесувате дури до 500 калории помалку секој ден. Лесна тактика која ќе даде резултати.

9. Бележете го она што ќе го изедете

Секојдневно забележувајте го она што ќе го изедете. Понекогаш луѓето не се свесни колку изеле ’по пат‘ – а сето тоа се вишок калории.

10. Протеини

Разни студии велат дека со протеините се чувствуваме посити. Истражувањата во Данска, Англија и Шведска покажале дека зголеменото внесување на протеини го намалува чувството за глад. Немојте да претерувате и сепак водете сметка за урамнотежена исхрана.
   
11. Мерете ги порциите

Секогаш ставајте помалку во чинијата. Кога ќе се решите за диета, одредете си и мерка со лажици и сличен прибор, за да не изедете премногу во еден оброк.

12. Паметни замени

За производите кои се преполни со шеќер или масти, побарајте замени како што се вештачки засладувачи или млеко со помалку масти. Така и понатаму нема да мора да се одрекнувате од омиленото кафе со млеко, но ќе го намалите внесувањето на калории.

13. Резервен план

Диетата е целодневна работа, а вие понатаму ќе одите на разни прослави или пак ќе излегувате на вечера со пријателите. Наоружајте се со разни ’грицкалици‘ како што се парчиња морков или целер или едноставно изедете го својот оброк уште од дома, а од масата на забавата одберете го само она што се вклопува во вашето мени.

14. Време за оброк

Голем проблем на многу луѓе им е што не со задаваат одредено време за оброкот, туку јадат по пат, најчесто пред телевизорот или компјутерот. На тој начин исто така немате контрола над внесените калории и веројатно јадете нездрава храна. Седнете на масата, ставете ја храната во чинијата и полека јадете, за да бидете свесни за она што го правите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button