Патувања

Како Струга нема друга – идеална дестинација за крај  на летната сезона 

Фотографката Ана Петроска ни ја доловува Струга на залезот на летото. Идеална дестинација за одмор на самиот крај на летната сезона.   

Advertisement

Иако топлите летни денови привршуваат, градот повеќе не крцка од туристи, токму сега e совршениот период да ја посетите Струга и да уживате во убавините кој ги нуди овој град.  

Advertisement

За убав почеток на денот стружани препорачуваат појадок со чорба која може да ја најдете по струшките ресторани, потоа секако следува уживање и релаксирање на некоја од струшките плажи. Уште една предност да ја посетите Струга во овој период од годината е што плажите не се преополни, може да уживате во мирот и звуците на брановите од Охридското Езеро, а исто така може да уживате во кратка тура со кајче или катамаран по езерото

Потоа, следува ручек во некој од рестораните покрај Црн Дрим каде што може да го пробате и струшкиот специјалитет ѓомлезе.

Advertisement

Прошетка низ чаршијата и на кејот покрај реката Црн Дрим во вечерните часови е задолжителна, а доколку сте за забава може да посетите некој од локалните кафулиња.  

За да вкусите мир и одмор Сруга е идеална дестинација за посета овој период од годината.  

 

Фотографии: Ана Петроска  

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button