Како со еден едноставен трик да го подобрите греењето – брза и евтина метода, а ќе ви ги намали и сметките
Методата не е само домашна „шега“, научни студии покажуваат дека трикот може да донесе реални придобивки.

Со доаѓањето на студените денови, бројни домаќинства се соочуваат со предизвикот како да ја загреат својата куќа или стан, без да ги зголемат сметките за енергија. Во потрага по ефективни, а сепак нискобуџетски решенија, едно едноставно трикче, повторно добива на популарност.
Станува збор за поставување на алуминиумска фолија зад радијаторот.
Advertisement
Како да го направите?
Идејата е едноставна – наместо топлината од задната страна на радијаторот да „избега“ низ ѕидот, алуминиумската фолија требa да ја „одбие“ обратно, односно, кон просторијата. На таков начин тој дел од топлината што инаку би се изгубил, се враќа назад.
Постојат специјализирани рефлектирачки панели или термо-рефлекторни фолии на пазарот, но многу корисници тоа го прават и со обичната кујнска алуминиумска фолија, која се сече и се лепи зад радијаторот со самолеплива лента или со лепак.
Значи, прво се мери ширината на просторот зад радијаторот, потоа се сече алуминиумската фолијата според мерката и се поставува што порамно може – не смее да има меурчиња или да биде стуткана, бидејќи тоа го намалува рефлектирачкиот ефект.

Колку навистина се заштедува?
Методата не е само домашна „шега“, научни студии покажуваат дека рефлектирачките панели и фолии можат да донесат реални придобивки:
Во студијата „Use of metallic foils as radiation barriers to reduce heat losses from buildings“ е забележано дека поставување обична алуминиусмка фолија зад радијатор може да доведе од 6 до 10 отсто намалување на вкупната енергетска потрошувачка на греење на просторијата.
Во друга студија пак, Radiator reflector, се наведува дека поставување фолија позади радијатор може да ја намали загубата на топлината преку ѕидот зад радијаторот до 30 отсто.
Некои нови студии укажуваат на ефекти од редуцирање на топлинските загуби и до 54 отсто во идеални услови, особено кога се користат специјализирани панели.
Исто така, експертите предупредуваат дека ефектот зависи многу од условите, односно, од квалитетот на ѕидот (дали е изолиран или не), положбата на радијаторот (дали е на надворешен ѕид), колку добро е поставена фолијата и дали зад ѕидот веќе има друга изолација.
Домаќинства кои ја примениле оваа метода често пријавуваат дека просториите се почувствувале особено разлика во „студените ѕидови“.
Еден корисник на британски блог пишува дека поставил алуминиумска фолија врз пена или картон и ја ставил зад радијаторот а со тоа разликата во топлината била уште позабележлива.

Како да ја направите фолијата
Измерете го просторот зад радијаторот, по должина и висина, земајќи ги предвид и носачите на радијаторот.
Исечете фолија (или панел) со таа мерка, така што ќе се вклопи рамно зад радијаторот.
Осигурајте се дека фолијата е што порамна, набирања и меурчиња ја намалуваат рефлексијата.
Прикачете ја со двострана лента или со лепак, но оставете мала „воздушна дистанца“ помеѓу радијаторот и фолијата (не смее да допира директно).
Проверете по некое време дали не се создала кондензација или влага, ако се создале, не сте ја наместиле добро фолијата.
Во пракса, постарите или лошо изолирани домови ќе имаат поголема корист од фолијата, отколку модерни згради со добри изолации.
Оваа метода, поставување алуминиумска фолија зад радијаторот, не претендира да ги замени професионалните мерки како добра изолација на фасадата, прозорци со двојни стакла или модерни грејни системи. Но, како брз, едноставен и евтин трик, може да помогне во тоа да ја оптимизира употребата на топлината, да врати дел од тоа што инаку ќе се изгуби, и да ги намали сметките за греење.