Состојбата станува малку подобра. Во некоја рака.
Според најновата студија на списанието Journal of Sex Research, постои една нијанса на родова нееднаквост во порно индустријата (глупава, на некој начин), но сето тоа се движи кон еднаквост на неколку мали начини.
Студијата анализирала 400 порнографски онлајн видеа од најпопуларните порно сајтови (Pornhub, Redtube, YouPorn и xHamster) и утврдила дека жените се опредметени повеќе преку инструменталност („третирање некого како алатка за свои цели, чие искуство и чувства [доколку ги има] се неважни“), додека мажите се објективизираат преку дехуманизација („негирање на човечки карактеристики така што на луѓето веќе не се гледа дека имаат чувства и мисли“). И двете тврдења изгледаат исто, според нас. Ако некого третирате како предмет, тогаш тој не е човек, па затоа се чини дека и двата пола го постигнуваат истиот резултат на малку поинаков начин.
Едно истражување од 1993 покажа дека голем број на односите во порно филмовите биле помеѓу влијателен човек на повисока позиција од жената (т.е. однос шеф/секретарка). Сепак, во современите видеа мажите не се разликуваат од жените според општествениот или професионалнот статус, насилствата се ретки („освен за плескање и замолчување“), а фантазиите за силување се релативно ретки (иако кој знае што е релативно).
Исто така се заклучува дека порнографијата сѐ уште ги опредметува жените со тоа што нивниот полов орган се слика одблиску, во крупен кадар.
Друга студија спроведена од А. Мкки во 2005 година вели дека во порнографијата жените иницираат секс исто толку често, ако не и повеќе од мажите, и дека лицата на жените се прикажуваат почесто во крупни снимки. Поради таа информација, Мкки заклучува дека сексот не ги опредметува жените повеќе од мажите, што е точно, туку поради апсолутно погрешната интерпретација на тие факти, бидејќи во повеќето од овие сценарија жените иницираат секс ’погонуван’ од мажите (во стилот „Сакам да ме земеш да направам да свршиш, а јас ќе бидам тука, без воопшто да доживеам оргазам“) и крупните кадри обично само се користат да покажат колку жената е полна со љубов кога му служи на мажот со нула потреби од нејзина страна.
Она што заслужува да се спомене е дека истражувачите, од кои еден е Мкки, се изјасниле дека ретко гледаат „принуден секс“ во порнографијата вклучувајќи видеа што „не биле сексуално експлицитни“ и „сцени кои не биле сексуални“ во нивните студиски материјали.
Едно нешто помалку депресивно е што случаите на принуден секс се намалиле од 80-тите и 90-тите кога тоа често се случувало меѓу „експлицитните секс сцени“. Во една неодамнешна Интернет студија од 2014 година за порнографија се открива дека ваквите сцени биле многу поретки, иако велат дека овие наоди се неубедливи.
Што не нѐ остава со многу што, но барем заговорите за ’непослушната жена-секретарка’ се во опаѓање.
Извор: Cosmopolitan.com