Реклама
Кафе муабет

ЕВЕ КАКО СЕ НЕГУВА ХАТИЏЕ СУЛТАН: 8 златни правила на убавата актерката

Реклама

Како и секоја жена на себе пронаоѓам маани. Понекогаш ми пречи стомакот, понекогаш задникот, а понекогаш нозете. Но никогаш не сум размислувала за радикални решенија, изјави познатата турска актерка Селма Ергеч.

Преубавата турска актерка Селма Ергеч (37) која во регионот стана позната по нејзината улога на султанката Хатиџе од популарната серија „Сулејман Величествениот“ уште од најраното детство ја усвоила девизата која што е основа во хармоничниот живот, а со самото тоа и на духовната, па и на физичката убавина. Нејзиното основно животно мото гласи „Само опуштено“. Тоа го има превземено од нејзиниот татко хирург кој од родната Адана заминал во Германија каде се оженил со Германка со која имал четири деца, пишува магазинот Lisa.rs. Тој од стресот на работа и ден денешен се ослободува на негов својствен начин за кој зборува Селма:

Маркетинг

„Откако памтам, татко ми секое утро станува во пет, вежба јога и терапија со смеење“, открива Селма во едно нејзино интервју. „Тоа му помага да се ослободи од напнатоста. Затоа тој никогаш не ја генерира нервозата, во какви ситуации и да се најде. И јас за време на целото снимање на Сулејман Величествениот одев на јога. Таа ми помогна полесно да го поднесам емотивниот багаж што го носев како султанката Хатиџе од кој не можев да се ослободам и кога беа исклучени камерите.“

Инаку, оваа девојка е висока 178 сантиметри и тешка 57 килограми (во последните два месеци се има малку поправено, па медиумите шпекулираат дека е бремена) по многу што е поинаква. Таа има поинаков став, посебен пристап во животот и потполно оригинален дух. Таа е поранешен студент на медицина, се интересира за психологија, источните филозофии, англиската книжевност, јога, нуркање… И кик бокс за кој вели дека и е најголема љубов. Но што и да прави, таа инсистира на природноста. Затоа и е тешко кога треба да се шминка и да се фризира на сетот, особено кога стануваше збор за нејзината улога како Хатиџе.

Маркетинг

„Не ја сакам шминката, објаснува Селма. И приватно не ја користам. Но, на снимањето морам. А тоа е процес кој трае со часови. Кога барем би ми дозволиле самата да се нашминкам и исчешлам, сето тоа би било готово за пет минути, се пожали таа, иако за време на снимањето на тој историски спектакл за нејзината коса беше задолжен Џемал Хамади, фризер на холивудските ѕвезди, познат по тоа што за нега избира само природни органски препарати, со што има слични ставови како и нејзините.

Инаку, ликот на нежната и емотивна Хатиџе и ги отвори вратите на славата и ја претвори во ѕвезда, иако целата приказна започна сосема случајно. Селма по третата година од медицинскиот факултет се вратила во Адана да стажира. Бидејќи изгледа грациозно со шармантни пеги на лицето таа веднаш го привлекла вниманието на една агенција за манекенки, па и беше понудено да настапи на една ревија. Таа се согласи заради џепарлак, и тогаш, еден ден и се споија коцките. Тие и ја доверија улогата на една тинејџерка во серијата, но нејзината мајка не и дозволила да снима. „Можеш ли да играш девојка од 16 години? – ме прашаа. ‘Зошто да не можам“, им одговорив и така започна се. Потоа следуваше улогата на сталожената Дефне во Аси кој беше првиот чекор и билет за Сулејман.

Што се однесува за нега и убавина, таа нема многу што да каже, но затоа пак има за здравиот живот. И токму тоа е тајната на нејзината витка, скоро тинејџерска линија, колку таа и да го негира тоа. Таа има чиста кожа, сјајна коса и преубав блескав поглед. Еве во што се крие нејзината тајна.

 

I

 

Секое утро се туширам со студена вода. Навистина делува. Едноставно ја забрзува циркулацијата и го подмладува организмот. Но, тоа не е лесно да се практикува. Потребно е подолго време за да се навикнете, затоа треба да се почне од потопла вода, па во одредени интервали водата се почесто да се разладува. На пример, за почеток туширањето завршете го со студен млаз на нозете.

 

II

 

Преку денот лицето неколку пати го измивам со вода. Мене ми пријае тоа, а имам слушнато дека студента вода е одлична превенција за брчки и опуштена кожа. Покрај ова, јас пијам и три литри вода дневно. Тоа е многу важно за здравјето бидејќи недоволно течности во организмот можат да бидат и причина за многу болести.

 

III

 

Го обожавам сонцето, но не се пржам за да добијам бронзена боја. И секогаш задолжително користам заштитна крема која одговара на мојот тип на кожа и која ми помага да го зачувам здравјето.

 

IV

 

Усните секојдневно ги мачкам со мед, па затоа ни преку зима никогаш не ми се испукани

 

V

 

Приватно не чувствувам потреба за шминка. Задоволна сум од својот изглед, па во тој контекст немам баш позитивно мислење кога е во прашање солариум или бојадисување на косата.

 

VI

 

Треба да се сакате самите себеси. Секако дека тоа е многу покомплексно од нанесување на кремите, но  исто толку е и покорисно. Слушајте го вашето тело.

 

VII

 

Се хранам со свежи и здрави намирници. Ја сум вегетаријанка, односно не јадам месо од деветтата година. Кон тоа се приклони целото мое семејство. Сите намирници ги купувам на органски пазар. Уживам додека купувам, особено кога ќе тргнам со моите пријателки Нур Фетахоглу и Џанс Дере.

 

VIII

 

Не им судам на другите и не сакам озборување. Бидејќи, кој знае, можеби за месец дена и самата ќе се најдам на позиција на оној што сега го критикувам

И покрај тоа што им е пример на младите, таа понекогаш не е задоволна од својот изглед „Како и секоја жена на себе си наоѓам маани. Некогаш ми пречи стомакот, некогаш задникот, а некогаш нозете. Но никогаш не размислувам за радикални решенија. Неодамна сретнав еден колега од медицина кој стана пластичен хирург. И додека седевме и пеевме кафе, тој почна да ми набројува што се треба да променам кај себе. Но, кога ми рече дека поради мала девијација би можела да го оперирам носот, му се развикав – Со тебе повеќе нема да се гледам.“

„Знам дека многу мои колешки со помош на пластичната хирургија се обидуваат да ја зачуваат младоста. Кога бев млада категорично бев против тоа, но сега ги разбирам зошто имаат потреба за тоа. Ако сте убава жена и се занимавате со глума, ќе се сретнете со многу сурови коментари кога вашата убавина ќе почне да бледее. Ова важи особено за Холивуд каде актерките се под голем притисок кога ќе ја преминат 40-тата, бидејќи од нив се очекува секогаш да бидат млади, убави и свежи. Тешко е да се издржи таков притисок и тие најчесто посегаат по она што им е прво при рацете.“

Но, тоа не значи дека се во право, нели?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button