Како и останатите огнени знаци, Лавовите знаат да експлодираат.
Многу се раздразливи, но после одредено време забораваат и брзо прогледуваат низ прсти. Лавот реагира веднаш и ги демантира сите аргументи. Бидејќи е праведен, знае да попушти ако сфати дека погрешил, но повеќе не сака да разговара на таа тема. Овие личности се егоцентрични, а повремено сакаат да ја истераат својата волја и да бидат сите работи по нивно.
Тие сакаат да бидат омилени во друштвото и да им бидат пријател на сите, а доколку се најдете на нивната листа на непријатели, ќе направат се’ што е во нивна моќ за пред сите да ве покажат во најлошо светло. Сепак, Лавовите не го мешаат професионалниот живот со личниот, па големи се шансите повеќе непријатели да стекнат на работа, отколку помеѓу роднини и пријатели.