Реклама
Кафе муабет

Како се храни Рози Хантингтон-Вајтли за да изгледа толку убаво

Реклама

Поради новата диета Рози Хантингтон-Вајтли се чувствува одлично и изгледа прекрасно

Ако сакате да се разубавите и да се чувствувате одлично пробајте ја новата диета на Рози Хантингтон-Вајтли

Маркетинг

Работата на супермоделот Рози Хантингтон-Вајтли е да изгледа убаво, а за ова секако придонесува и нејзиниот начин на исхрана. Таа неодамна ја откри тајната во врска со нејзината диета: таа ги следи инструкциите на лондонската натуропатска докторка Нигма Талиб, којашто неодамна ја објави својата книга, За помлада кожа започнете од стомакот.

Иако планот не е јасно определен во однос на количината на оброците и соодносот јаглехидрати – протеини, диетата забранува млечни производи, глутен, шеќер и алкохол.

Маркетинг

Рози признава дека почетокот бил навистина тежок. И недостасувала чаша вино, парче сирење, или кроасан. Но, како што вели таа, можете да јадете убаво и здраво и сепак да се чувствувате сити. Само треба малку да го промените начинот на размислување и за неколку недели ќе се прилагодите. Општите препораки на докторката Талиб се однесуваат на внесување на зеленчук што ќе ви помогне да го прочистите организмот како зелка, карфиол, брокула, прокељ и кељ, како и храна која е добра за црниот дроб како кромид, лук, куркума, рузмарин, тимијан, оригано, жалфија и авокадо. Дека диетата воопшто не е лоша сведочи и фактот дека и свршеникот на Рози, Џејсон Статам почна да ја следи.

По рестриктивната фаза, докторката препорачува да се продолжи со план за исхрана 80-20, што подразбира дека можете да се храните здраво 80 проценти од времето и повремено да се почестите со некоја омилена храна.

Рози вели дека таа се труди да јаде здраво дома, а кога ќе излезе се обидува да избира здрава храна, но сепак, понекогаш се почестува со помфрит или десерт, бидејќи во животот сакате да уживате и во такви работи.

Урамнотежената исхрана и контролата дефинитивно даваат одлични резултати кај Рози, бидејќи, како што вели самата, таа чувствува позитивни промени на кожата и целото тело, се чувствува послабо и полесно, но силно и исполнето со енергија. Не мора понатаму да објаснува, доволно е да ја погледнеме и јасно ни е за што станува збор!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button