Кратка приказна која ќе ви покаже како се чува љубовта
Мајката со својот седумгодишен син шетала по плажата.
Мајката со својот седумгодишен син шетала по плажата.
Во еден момент детето прашало:
– Мамо, како се чува љубовта?
Мајката малку се замислила, па му рекла:
– Земи од песокот и стисни го во раката.
Детето ја послушало, го стискало песокот во раката, но колку повеќе стискало тој повеќе истекувал меѓу прстите.
– Но, мамо, песокот ми бега – рекол малиот.
– Знам, сине. Ајде сега убаво отвори ја раката.
Детето ја послушало, но во тој момент дувнал ветер и му го однел сиот песок од раката.
– Ниту вака не можам да го задржам песокот, мамо!
На тоа мајката со насмевка рекла:
– Ајде сега повторно земи малку песок во раката, но држи ја дланката во форма на лажица, така да биде доволно затворена да го заштитиш, и доволно отворена тој слободно да стои на неа.
Момчето направило како што му објаснила мајка му и песокот му останал во раката – доволно заштитен од ветрот да не го оддува, а и слободен да не се лизга низ прстите.