Како да ја спречите појавата на белите влакна и како против опаѓање на косата?
Ви откриваме кои се најважните супстанци кои делуваат на косата.
Кога ќе ги знаете многу полесно ќе изберете шампон, балсам, боја за коса…
Биотин спречува појава на бели влакна
Биотинот спаѓа во групата витамини познати како B комплекс, како витамин H. Но биотинот е најпознат како B7 и покрај многуте благотворни дејства на организмот, тој е познат и по тоа што може да направи чуда и со косата – ги зајакнува коренот и влакното, го спречува опаѓањето, но и она што е најинтересно – биотинот спречува појава на несакани бели влакна.
Пентанол го хидрира влакното
Ова е уште еден член на семејството витамини B комплекс, односно провитаминот B5. Општо познато е колку е тој благотворен за испукана и сува кожа на рацете особено преку зима, но помалку познато е дека пентанолот е супстанца која ја врзува влажноста, ја смирува косата и ја чува нејзината влажност истовремено правејќи таа да изгледа убаво и здраво.
Кофеин против опаѓање
Кофеинит покрај кафето присутен е и во негата на косата бидејќи поттикнува поголема активност на коренот на косата, а може да го поттикне и растењето на косата. На кофеинот ќе наидете во составот на етикетите на производите кои спречуваат паѓање на влакната.
Премини на следната страна >>