Без филери и инекции – како природно да ги зголемите усните
Како без филер и инекции да имате убави полни усни
Не постои девојка која не сака да има убави полни усни. Но секоја жена не се осудува да направи радикална интервенција. За среќа, постојат неколку трикови кои врвните визажисти ги користат кога сакаат да ги изненадат своите клиентки.
Еве ги нивните 5 професионални трикови за полни усни.
#Пилинг со сува крпа
Можете да направите пилинг со некое средство или поедноставно пред да ставите кармин со сува крпа, нежно, со кружни движења, поминете преку целата површина на усните. Ако вашите усни се многу сиви, пред пилингот намачкајте ги со балзам за усни и пуштете да се впие неколку минути. Потоа направете пилинг
#Нанесете коректор и хајлајтер
Да, добро прочитавте. Околу целиот крај на усните нанесете коректор и на тој начин истакнете ја вистинската боја на моливчето за усни. А ако сакате усните да ви изгледаат пополно, нанесете коректор во нијанса посветла од вашиот тен, а на крајот нанесете малку хаглајтер над средината на горните усни, каде вашите усни се во форма на буквата V.
#Нацртајте ги усните
Ако сакате визуелно да ги зголемите усните, нацртајте и порабете го прецизно самиот раб на усните од надворешната страна.
Потоа со истото моливче пополнете ја и внатрешноста на усната.
Кликни тука и види ја цената на овој кармин >>
#Нанесете кармин во слоеви
Ако сакате поголеми усни користете две нијанси на кармин во иста боја. Потемната нијанса нанесете ја на надворешните работи на усните, а посветлата во средина. Оваа таканаречена „омбре“ техника навистина делува и вашите усни визуелни ќе изгледаат пополни.
#Користете сјај за волумен
Нанесете сјај на средината на усните и лежерно со прстите размачкајте се до рабовите. На овој начин ќе постигнете одличен волумен.