Дека првиот чекор во превенција од расипување на забите е нивното редовно миење, сигурно секој знае, меѓутоа, многу е корисно да се знае и како одредени намирници овозможуваат одржување на забите и глеѓта на забите здрави, а освен тоа ги побелуваат и ги отстрануваат грдите дамки.
Бактериите во устата обожаваат да се хранат со слатко, а ферментацијата на слатките ствари создава киселина која ја разјадува глеѓта на забите и доведува до крварење и создавање на дамки.
Намирниците преполни со скроб исто така делуваат на сличен начин, затоа што ензимите во плунката го разградуваат скробот на киселината која произведува едноставен шеќер. Меѓутоа, наместо миење на забите после секој оброк, расипувањето може да го избегнете доколку посегнете по следниве намирници, кои навистина прават чуда за забите и даваат побела и поубава насмевка.
Морков
Цврстата храна како што е свежиот морков ќе ве присилат да жвакате повеќе отколку што тоа би го правеле со меката храна, а тоа е добро. Имено, жвакањето го стимулира производството на плунка која што ја неутрализира киселината и ензимите во устата кои може да ја уништат глеѓта.
Сирење
Со текот на годините, киселината полека но сигурно ја нагризува забната глеѓ, меѓутоа калциумот и фосфорот, минерали кои се наоѓаат во сирењето спречуваат опаѓање на забите. Иако во зрело доба забите се веќе формирани, во секој случај е корисно редовно да јадете продукти со калциум и фосфор.
Лосос
Лососот е одличен извор на фосфор кој што ја зајакнува забната глеѓ, па така во само три грама лосос има дури 315 милиграми од овој корисен минерал. Чистата и неоштетена глеѓ ги прави забите поздрави и бели затоа што поттикнува апсорпција на витаминот Д.
Спанаќ
Секако дека е доста незгодно кога малите парченца спанаќ ќе ви се заглават меѓу забите, но тој ризик се исплаќа. Овој зеленчук со темен лист, како и салатите од исти вид се еден од најдобрите извори на магнезиум кој што е пресуден за здравата забна глеѓ. Пола шолја од овој зеленчук содржи дури 78 милиграми магнезиум.
Јаболко
Грубата текстура на ова овошје е преполно со влакна кои имаат одлична функција на миење на забите. Јаболко со средна величина содржи околу четири грама влакна, што ја прави еден од најдобрите извори на влакна, а бананите на пример, или портокалот и црешите во иста количина содржат двојно помалку. Освен тоа, киселината од јаболкото може да ги направи забите побели.
Јагода
Иако овој вид на овошје лесно знае да обои сé, факт е дека аскорбинската киселина во плодот може да има блага можност за побелување. Јагодите се исто така преполни со полифенол, кој го спречува настанувањето и развојот на бактерии. Меѓутоа, после консумирање на било какво овошје или кисела храна, секако треба да се измијат забите.