Како правилно се врти и крши славската погача – во ова најмногу грешат Македонците
Самата погача е симбол на Христос, односно го претставува Лебот на животот.

Православните верници за сезоната на црковни празници која е пред нас, подготвуваат славски погачи кои се симбол на Христос, духовното единство и благословот во домот. Погачата традиционално се замесува еден ден претходно и се украсува со знаци направени од истото тесто. На самиот ден на славата, свештеникот ја осветува погачата, во домот или во црква.
При обредот, свештеникот најпрво ја подигнува славската погачапред иконата, ја засекува во форма на крст и во засеченото место налева црвено вино. Потоа, заедно со домаќинот/ката, ја врти погачата и се пее црковна песна.
Погачата се врти од лево кон десно трипати.
Вртењето на погачата се смета за знак дека „благодатта се разлева еднакво кон сите“ и дека домот се изедначува со „мал домашен олтар“.
Моментот на кршењето на погачата е свечен, а народната изрека вели „леб кој се дели, никогаш не недостасува.“ Затоа, сите треба да учествуваат во моментот на кршење на погачата, како симбол дека домот е духовно силен и сплотен.

Според свештениците, најчестите пропусти што се прават дома се што членовите на семејството не ја бакнуваат погачата пред да се скрши и што не ги изговараат традиционалните зборови:
„Христос е меѓу нас“ – „Ест и будет“, односно : „Ест и ќе биде“ или „Е и ќе биде“.
Овие зборови се произнесуваат токму во моментот кога свештеникот и домаќинот го кршат колачот. Во отсуство на свештеник домаќинот, односно најстариот член на семејството, треба да го направи истото.
На крајот од обредот, сите присутни го бакнуваат крстот и му ја честитаат славата на домаќинот. Според свештенството, целиот ритуал се изведува со цел домот да биде благословен, заштитен и исполнет со мир.
Во православната традиција, ритуалната погача или леб има длабоко духовно значење. Самата погача е симбол на Христос, односно го претставува Лебот на животот. Кршењето на лебот, погачата, се поврзува со Христовата жртва и со единството на семејството во верата.
Но што значи тоа што погачата се засекува во облик на крст?
Тоа значи дека сите домови под Божјиот покров се разделуваат само физички, но духовно остануваат едно.
Виното пак, кое се наросува врз засечената погача е симбол на радост и благослов. Имено, преливањето со црвено вино се толкува како „осветување на трудот“, односно благодарност за сите дарови што Бог ги испраќа во домот.




