СОСЕМА ПОГРЕШНО ГИ КОРИСТИТЕ: Еве зошто лековите не ви делуваат и тегобите не поминуваат!
Еве некои грешки што луѓето ги прават многу често, а кои може да имаат сериозни последици по здравјето.
Ги користите лековите на погрешен начин
Да се земаат лекови пропишани од страна на лекар на вистинскиот начин и во одредено време не е секогаш лесно. Некои лекови мора да се испијат на празен стомак, други веднаш после оброкот, додека некои не би требало да имаат контакт со храната. Луѓето често прават грешки, земајќи ги лековите на своја рака, а тоа може да предизвика сериозни последици за здравјето. Според некои извештаи речиси околу половината од пропишаните лекарства не се земаат и не се користат на пропишаниот начин.
Капки за очи
Најголемата грешка што луѓето ја прават кога ставаат капки в очи е тоа што не ги затвораат очите. „Притисок со прстот врз внатрешниот очен канал треба да трае околу две минути. Откако ќе ставите капките за очи и ќе почувствувате дека капката стигнала во грлото, значи дека веќе сте изгубиле повеќе од половина доза“, објаснува Франческа Кордиеро, офталмолог.
Апчиња со храна
Поголемиот дел од луѓето земаат апчиња кога ќе почувствуваат главоболка или болка во градите. Повеќето луѓе претпочитаат да к’снат нешто за таблетите да не му наштетат на желудникот. Д-р Ингвар Биарнасон вели дека ова не е во ред, бидејќи на апчето му треба време од 45 минути да почне да дејствува. „Сакате болката да престане што е можно побрзо. Ако земете пилула на празен стомак, ќе почувствувате дека главоболката поминува по за само 15 минути“, вели Биарнасон.
Капки за нос
Кога луѓето ставаат капки во нос, тие несвесно ‘вшмркуваат’. „Капките одат во грлото и практично ги голтаат. Ова е една од причините зошто капките не функционираат правилно“, објаснува д-р Софи Фарук. Всушност, додека ставате капки во носот, треба да дишете правилно. Друга грешка што луѓето често ја прават е што го затнуваат носот откако ќе ги стават капките.
WomenDailyMagazine / Magazin.hr