Според Џил Милер, експертка за јога и пилатес, а како што пренесува Cosmopolitan.rs, постои начин на кој што можеме да си помогнеме и да ја намалиме болката во нозете која што е предизвикана од секојдневно одење во високи потпетици.
Според неа, најважно е правилно да се движиме. „Кога одите во високи потпетици петата стои превисоко и прстите се преоптеретени. Овој притисок дополнително ќе се зголеми доколку газите така што прстите ви се насочени кон надвор,“ – вели Милер.
Правилно движење
Првото правило е да се насочат прстите право или благо кон внатре што ќе помогне нозете помалку да ве болат. Таканаречениот „чекор на патка“ не само што изгледа грдо, туку може и да предизвика различни проблеми во колковите и колената. Затоа внимавајте како одите, бидејќи е можно да го вртите стапалото на овој начин, а за тоа воопшто да не сте свесни.
Масажа
Втората важна работа е да се вежбаат стапалата и да бидат подготвени за високи потпетици. Милер препорачува вежбање со тениско топче со кое ќе ги опуштите мускулите и тетивите и ќе ги подготвите нозете за вашите омилени чевли. Застанете и ставете ја топката под стапалото. Тркалајте ја напред назад, потоа во страна. Повторете и со другата нога и дури по оваа масажа скокнете во вашите чевли.