Реклама
Шминка

Како правилно да нанесете туш за очи

Реклама

При шминкање, кога треба да се стави туш на очите, тоа е момент кој може да им претставува голема главобока на многу девојки.

Маркетинг

И додека со десното око „ситуацијата“ е под контрола, приказната со левото око постојано ни е лоша и таа многу често изгледа банално.

Тоа е затоа што на десниот очен капак (секако, ова НЕ важи за оние што пишуваат со лева рака)  раката се управува полесно, па затоа и линијата е многу поправилна и поубава. Па, покрај тоа што знањето како да нанесете туш се стекнува со искуство, постојат и неколку трикови кои што ќе ви го олеснат животот и за многу брзо време ќе ве претворат во вистинска професионалка.

Маркетинг

Кога еднаш ќе научите како правилно да нанесете туш за очи, тогаш ќе имате брз мејк-ап за било која пригода! Поради тоа треба да се обидете да ја извежбате оваа техника со која многу лесно ќе цртате совршени линии. Првото нешто што треба да го научите е тоа дека кога нанесувате туш погледот секогаш треба да ви е насочен надолу.

На тој начин ќе го опуштите капакот и линијата сама по себе ќе биде рамна. Доколку го повлекувате капакот со прстите, кожата на капакот ќе биде згужвана и линијата нема да излезе права. Второто нешто што исто така треба да го запомните е тоа дека ако повлечете линија од внатрешниот агол на окото, таа ќе биде потенка отколку ако тргнете од средина на капакот.

Линијата со тушот за очи треба да ја повлечете во три чекори. Најпрвин треба на повлечете црта покрај самиот капак, па да ја продолжите на надворешниот дел на капакот. Веднаш извлечете го тушот во насока во која што сакате да ви оди линијата. По ова нацртајте ја горната линија и спојте ја со права црта. Тогаш следува спојувањето и изедначувањето на линијата.

Кога овој начин за нанесување на туш за очи ќе ви стане пракса, кој што е идеален за почетнички, поиграјте се и со други начини. Кога еднаш ќе ги направите овие чекори онака како што треба, тогаш треба да знаете дека е време за експериментирање со тушот за очи. Треба да се обидете со најразлични облици и да ја усовршите вашата уметничка страна.

Па, девојки, до каде сте со совладување на оваа техника? :)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button