Реклама
Секс

Како повторно да се заљубите во вашиот партнер

Реклама

Во врска сте некое време, можеби месеци, можеби години, а можеби и цел живот, и се е навидум мирно, спокојно и убаво, но монотонијата почнува да ве убива …

Маркетинг

Ви недостигаат возбудувања, изненадувања, страст, и сите придружни елементи карактеристични за почетокот на врската. Пред да почнете „да му се качувате на глава“ на партнерот со разни изрази на незадоволство, или пак, уште полошо, да тргнете во потрага по нов, пробајте некои од триковите подолу и ќе ја видите вашата љубов во сосема ново светло!

 Најдете заедничко хоби или спорт 

Маркетинг

 

Партнерите често си наоѓаат и си тераат свои работи и поминуваат многу време одвоени што во крајна линија ги оддалечува еден од друг. Лекот е да се најде некоја заедничка занимација за во слободното време, без разлика дали ќе се определите за пешачење, тенис или пак игрички на компјутер. Важно е да се дружите, да се смеете на своите „грешки“, да се радувате на „успесите“ и да се забавувате заедно.

 Не се одрекувајте од секс 

 

Ако си облечете дебели пижами наместо провокативната долна облека што сте ја носеле претходно, му праќате порака дека веќе не го сметате за „јак шизик“ во креветот и тој може да се разочара и да побара утеха на друго место. Дури и малку да ви станало досадно од истите работи во сексуалниот живот, не се откажувајте! Напротив, покажете желба и интерес, па тој повторно ќе се потруди да се покаже и докаже … Можете да внесете некои нови моменти и варијации на темата за да ја разгорите (заспаната) страст!

 Смејте се на неговите шеги 

 

Сте ја слушнале истата приказна или истата шега едно сто пати … и наместо да вртите со очите и негодувате на неговите обиди да ве забавува вас или друштвото, обидете се навистина да се забавувате, да се смеете и да учествувате во забавата. Слушајте го внимателно, покажете интерес, гледајте како другите реагираат … и кој знае, може навистина повторно да ви стане забавен!

 Давајте му комплименти 

 

Концентрирајте се на позитивните работи што ги прави, пофалете го, заблагодарете се и ќе му ја вратите самодовербата дека тој е „вистинскиот човек“ за таа работа, без разлика дали станува збор за помош во домот или резервирање на маса за вечера. Доколку постојано негодувате и се нервирате заради малите (досадни) работи што (постојано) ги прави, на пример никогаш не си ги крева чорапите или пак чинијата кога ќе јаде, постојано ќе се нервирате и ќе ги испуштите од предвид неговите позитивни страни. А позитивни страни мора да има, па затоа и сте го одбрале на почетокот … Фокусирајте се на нив!

 Направете нешто лудо заедно 

Не мора да летате со параглајдер или да скокате со падобран, но обидете се да најдете некоја интересна активност што ќе ве извади од монотонијата на секојдневието … И да е малку страшно, уште поинтересно – ќе му дадете шанса да биде витезот на бел коњ кој ќе ве спаси од неволја …а вие ќе бидете среќни што имате таков јунак да ве заштити!

 Дозволете му да биде главен 

Дозволете му да ви ја придржи вратата за да излезете, да поправи нешто низ дома, да отиде да пазари храна и т.н. (иако можете и вие да го направите тоа). Иако, денес, во 21 век, работите и не се така строго поделени на машки и женски, морате да му дозволите тој да биде„мажот“ во врската и да ја игра улогата на заштитник кој се грижи за вас и за семејството. Тоа и не е така лошо, нели?

 Правете ги работите „на негов начин“ 

 

Дозволете му на вашиот маж да преземе иницијатива и да заврши некоја работа во домаќинството или за семејството како што тој мисли дека треба (без да му кажувате вие што, како, кога …). Без разлика дали станува збор за подготовка на ручек, склопување на некој апарат за домаќинството или купување на играчки за децата, оставете го да го направи тоа на негов начин и пофалете го и заблагодарете се за да се чувствува важен и неопходен!

 Прашајте ги другарките што мислат за него 

 

Раскажете им за некоја убава работа што ја направил, за нешто смешно што рекол … и тие можеби ќе истакнат некои негови позитивни страни што вие одамна сте ги занемариле. Важно е постојано да се потсетувате на неговите квалитети, да бидете позитивни и да го сакате човекот со кој сте во врска. Избегнувајте да се жалите од него кај другарките затоа што муабетот ќе отиде во негативна насока и ќе се разгледуваат и истакнуваат (само) неговите негативни страни што во вашата деликатна ситуација само ќе долее бензин на огнот …

 Пофалете го пред другите 

 

Мажите имаат силна потреба да бидат ценети. Тие сакаат да бидат херои и заштитници. Кога ќе го пофалите пред другите (и пред него) тој сигурни ќе процвета од среќа! А вие ќе ги запаметите работите што сте ги кажале и ќе се потсетувате на нив кога нареден пат ќе ве изнервира …

 Прашајте го за што фантазира 

Најголемата желба на мажите е да бидат со жена со која ќе можат да ги остварат своите (сексуални) фантазии. Затоа, ќе треба да се пресрамите и отворено да разговарате на темата. Ќе добиете прилика да ја запознаете неговата скриена, таинствена страна и можеби ќе се изненадите од работите што ќе ги слушнете, а никогаш не би ви паднале на ум … Ова е одлична можност за збогатување и освежување на вашиот сексуален живот, секако ако предлозите не се премногу перверзни за ваш вкус! Во тој случај ќе треба да се преговара …

 Поставете си заедничка сериозна цел 

 

Паровите кои имаат заеднички планови и цели се поповрзани и имаат поуспешни врски. Разговараат за чекорите што треба да ги преземат за остварување на целта, прегледуваат до каде стасале во реализацијата, преокупирани се со заедничките планови, разговараат, преговараат, се договараат … Без разлика дали станува збор за патување во Америка, за изнајмување на друг стан или купување на нов, или пак планирање на проширување на семејството ( и работа на истото), доколку имате заеднички план или активност, момчето или сопругот го гледате како партнер во заедничката мисија (без кого не можете да ја реализирате) …

 Напаѓајте го! 

 

Шепотете му интересни работи на увце кога сте излезени на вечера со друштво, фатете го за рака, за нога, (или за задникот!) на јавно место, разменете некој бакнеж … Мажите сакаат да се чувствуваат пожелни, и ова е одличен начин да го разгорите огнот (што тлее!). .. Флертувајте со него, допирајте го често … и … и ќе видите како животот ќе ви стане поинтересен и на двајцата!

 Прекршете ги сопствените правила 

Немојте да бидете премногу строги и непопустливи во своите правила (како на пример дека му се дозволени 3 пијачки, или дека не смее да ги става нозете на столот, или дека мора да го фрли ѓубрето …), покажете поголема флексибилност и тој ќе се чувствува порелаксиран и порасположен … па ќе ве расположи и вас!

 Отидете на патување 

 

Не мора да заминувате на скапо и егзотично патување на далечна дестинација, можете да отидете каде било, макар и на кратко… Самото ново опкружување, тоа што ќе бидете сами, ќе имате време да се одморите и да си дружите, претставува одлична можност повторно да се поврзете и да функционирате како тим. Работата, децата, факултетот, разните обврски придонесуваат да се оддалечите и да не обрнувате доволно внимание еден на друг. Затоа, секогаш кога ќе можете, едноставно избегајте некаде заедно, макар и на викенд!

 Свртете нова страница 

 

Ова, секако, е полесно да се рече отколку да се направи, но кога мора – мора! Значи, донесете одлука да ги заборавите сите непријатни и негативни работи и едноставно да го избришете својот гнев и својата лутина и да продолжите онаму каде што сте застанале. Значи, ќе решите да престанете да се лутите и да заборавите на се (секако ако не е премногу сериозна работата!), ќе се релаксирате, ќе отидете на вечера, потоа малку ќе си поиграте во креветот … сабајлето ќе се прашувате, која лутина, кој се лути?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button