Можеби не сме премногу критични према маните на нашите партнери, но кога станува збор за нашето тело, тогаш и најмала ситница може да ни прави големи проблеми.
Ова особено се однесува на моментите кога ќе останеме без облека. Токму затоа, неколку мали трикови на големите мајсторки, кои ќе ни помогнтат да изгледаме секси без да одиме во теретана, се вистинското решение за овие проблемчиња.
Погрижете се за вашиот секси изглед
Постелнина во боја ќе ви помогне да добиете потпола боја на кожата. Оние пак, што сакаат да изгледаат исончано, бојата делува така што вие изгледате послабо. Доколку сакате да имате витки нозе, нанесете потемно пудро на надворешната страна на вашите нозе, додека посветла на внатрешната. Бронзената боја може да сокрие недостатоци како што се стрии и капилари.
Направете пилинг
Кожата во зимскиот период изгледа суво и изморено. Затоа тргнете го површинскиот слој, како вашата кожа повторно би заблескала. По пилингот, обидете се со обична влажна крема да ја замените со светкав спреј или бејби масло.
Брзите вежби ги стегаат мускулите
Целосен тренинг може да ве исцрпи и испоти, но неколку склекови и чучњеви ќе направат крвта да ви се раздвижи и да ви се затегнат мускулите.
Јадете и пијте умерено
Можеби сметате дека е убаво да се опуштите со малку јадење и неколку чаши вино, но доколку имате намера да се соблекувате не јадете претерано.
Изберете го вистинскиот парфем
Убавиот изглед не е доволен доколку вашиот парфем не е соодветен. Привлечете внимание на вашето деколте и на зглобовите, така што ќе нанесете топол и богат мирис.
Направете фризура
Не заборавајте на вашата фризура – но не мислиме на онаа на вашата глава! Оние што сакаат природен изглед, и само неколку потези со ножичка ќе направат вистинска разлика.
Деталите се најважни
Во секси високи потпетици вашите нозе ќе изгледаат позгодно и подолго, додека долгото ланче може да ви помогне кога ќе сакате да го погалите вашиот партнер.
Маникир и педикир
Не потценувајте ја моќта на овие едноставни интервенции. Стапалата нека ви бидат нежни, а што се однесува до бојата – одберете нешто посмело. Можеби црвено или розово би било интересно за почеток?
Осветлување
Обидете се да го направите ТОА во интимна атмосфера. Нека бидат тоа свеќи или мали сијалички.
Имајте самодоверба
На крајот, опуштете се и уживајте. Бидете позитивни, имајте насмевка на лицето…