Реклама
Кафе муабет

Еве како се одгледуваат коцкастите лубеници кои се хит на пазарите ширум светот

Реклама

Постојат многу заблуди и стравувања поврзани со ГМО храната, но што е вистина и дали генетски модифицираната храна навистина е опасна како што не предупредуваат некои или пак станува збор за потполна дезориентација во морето информации?! 

Што е ГМО и дали во Македонија веќе консумираме генетски модифицирана храна

Маркетинг

Граѓаните на Америка кажаа дека сакат да знаат повеќе за тоа дали храната што ја јадат е генетски модифицирана, па така на дневен ред во Сенатот се најде за разгледување законот со кој ГМО храната ќе мора да има посебни назнаки на етикетите.

Но што всушност значи ГМО? ГМО е генетски модифициран организам, односно растение или животно чие ДНК е изменето во лабораторија, и тоа најчесто со додавање на гени на други видови за да се заштитат од болести или поради некои други причини. Но, дали навистина сме во заблуда кога е во прашање оваа храна? „NY Times“ објавија текст во кој се доведуваат во прашање најголемите заблуди поврзани со оваа храна.

Маркетинг

Етикетата на ГМО храната предупредува на здравствени ризици

И покрај тоа што се уште не е докажано дека модифицираната храна предизвикува рак, дијабетис, дебелеење и многу други болести, само 37 проценти од американската популација изјави дека веруваат дека ГМО храната е безопасна по здравјето. Токму и затоа управата за храна и лекови забрани на произведувачите на етикетите да пишуваат дека нивните производи се поздрави и посигурни, затоа што не се ГМО (типично за институциите во земјата на бизоните, нели?). Сепак, тоа не значи дека не е можно да се направи храна која може негативно да влијае (но исто така и не е возможно 100%  да се сугурни дека ГМО храната е безбедна).

Познат е веќе случајот со сојата која не беше пуштена на пазарот (види тука) бидејќи предизвикува алергиски особини (па и не се баш алергиски особини, бидејќи го намалува добрите бактерии во човечкиот организам со што се намалува имунитетот, а постојат индиции дека предизвикува и деформации кај рбетниците) при рутинското тестирање.

Белите јагоди се настанати во лабораторија

Како што пишува „New York Times“ дури 40 отсто од потрошувачите во Америка веруваат дека најголемиот дел од зеленчукот и овошјето што го консумираат е генетски модифицирано. Но, власта предупредува дека речиси сите производители ги користат старите методи на производство и затоа храната не мора да биде обележана.

Јапонците уште во 1930 година направиле лубеници без семки така што семките ги изложиле на хемикалии како би добиле уште неколку хромозоми и ги вкрстувале со полен од обични лубеници. Следната генерација е со непарен број на хромозоми и не можеле да произведат семки. Но, тоа не е резултат на додавање и поигрување со ДНК-то на овој производ.

{youtube}6BmhAivkHzU{/youtube}

Многу популарниот црвен грејпфрут кој денес се одгледува во Тексас всушност е потомок на еден од илјадниците мутирани растенија кои производителите ги создале во 1960 година така што ги озрачиле цветовите на розовиот грејпфрут, што претставува техника за забрзување на развојот со кои се создадени нови видови на различни семки, а меѓу нив и на оризот и јачменот. Растенијата кои се добиени со оваа метода се сметаат за органски (ова треба да го имате во поредвид кога купувате „брендирана“ храна на која што пишува органска и која што во последно време е се повеќе во тренд!), а не за ГМО, пишува NY Times.

Треба да се запомни дека генетските мутации се природни, и сосема нормални (најверојатно како што се природни и сирените и самовилите). Портокаловите моркови всушност преставуваат природна мутација, станале доминантни бидејќи луѓето ги саделе. Морковите во виолетова и жолта боја се оригинални, а белите јагоди настанале со вкрстување на два различни вида на јагоди и немаат никаква врска со ГМО храната.

Не е се ГМО

Некои пак, мислат дека луѓето од многу одамна генетски ги модифицираат организмите со селективното одгледување со што доаѓаме до заклучокот дека се што јадеме денес е модифицирано. Но (според науката, а најверојатно и според институциите во Америка!) ГМО се однесува само на современите техники кои ги користи генетскиот инжинеринг и кои постојат само во последните 30-на години. Ако научниците ја изменат ДНК-та на печурката во лабораторија, тогаш таа треба да биде обележана како генетски модифицирана храна, во спротивно ако тоа е направено по природен пат, односно ако станува збор за природна мутација, тогаш не станува збор за ГМО и тие производи не треба да бидат обележани.

Од друга страна пак, Јинонг Јанг, паталог за растенија на државниот универзитет во Пенсилванија произведе печурка на која не остануваат темните трагови кога ќе ја засечете или притиснете (колку генијално, нели?). Тој со најновата технологија избриша само еден дел од ДНК-то (не, не – ова нема никаква врска со ГМО!), но не додаде никаков надворешен ДНК материјал (!). Одделението за земјоделство му кажа дека овие печурки можат да се продаваат без регуларен надзор, но не се баш сигурни што би требало да пишува на етикетата (а најверојатно би требало да пишува – не купувајте, освен ако не сте му роднина на Башар ел Асад!).

ГМО оризот спасува животи на гладните деца ширум планетата

Всушност, ваквиот ориз се уште е во фаза на тестирање. Во еден вид се додадени гени на пченка и обична бактерија од земјата како би се произвел бета каротен кој на нашето тело му е потребен за да се произведе витаминот А. Недостатокот на овој витамин е главната причина за слепило на илјадници деца во Азија и Африка. Токму и затоа овој вид е наречен „златен ориз“ и се развива повеќе од 20 години. Неколку анти ГМО групации вклучувајќи ја и „Greenpeace“ организираа протести против неговото понатамошно развивање тврдејќи дека преставува невидени ризици за човечкото здравје и околината. Но на главните во „Greenpeace“ им е испратено писмо потпишано од сто добитници на Нобеловите награди во кое тие жестоко ги критикуваат активистите и нивниот протест го нарекуваат злосторство против човештвото.

Но, оризот се уште не е завршен.

Тестирањето од 2013 покажа дека во една чинија со ваков ориз содржи повеќе од половина дневна доза на витаминот А која што им е потребна на децата, но тестирањето е оценето како неетичко бидејќи на учесниците не им било кажано дека јадат генетски модифицирана храна (а ова секако не е никакво злосторство против човештвото!). Ова многу го успори развојот и појавувањето на „златниот ориз“ на светскиот пазар.

Џиновските кокошки се генетски модифицирани

Не. Нивната големина е производ на селекција и вкрстување на видови кои имале најпосакувани карактеристики. Белото месо е едно од најпродаваните во земјата на бизоните (Америка, де!). Како и повеќето животни, овие кокошки јадат храна од генетски модифицирана пченка и соја (што повторно нема никаква врска со ГМО). Но, според научниците, било какви додадени гени и модификации се губат за време на варењето (и после не треба да се чудиме зошто се гоиме како свињи на товење кога одиме на печалба во САД!).

Што е постаро – ГМО кокошка или коцкаста лубеница?

Постојат и кокошки кои се направени нивните јајца да содржат ензим кој лечи ретка болест и кози кои содржат ензими кои им недостасуваат на повеќето луѓе (според нивната логика, најверојатно и ова не е ГМО, и парите тука не играат никаква улога, туку се е поради хумани причини!). Но тие не се продаваат, туку служат за истражувачки цели.

Единствената генетски модифицирано животно наменета за човечка консумација е лососот кој многу побрзо расте, но и тој не е пуштен во продажба.

{youtube}2JNSpMhJLvg{/youtube}

А што се однесува до лубениците во форма на коцка, и тие не се генетски модифицирани (како што ќе помислат приврзаниците на теориите на заговор, нели), туку се оставени да растат во кутија како би имале облик полесен за транспортирање. Тие се произведени во Јапонија и се продаваат за околу 100 долари и покрај тоа што не се јадат бидејќи се берат зелени!

Што е ГМО и дали во Македонија веќе консумираме генетски модифицирана храна

[Се извинуваме за забелешките во заградите, но тоа беше посилно од нас …]

Извор: NY Times, Telegraf, Stipka

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button