Реклама
Кожа и нокти

Како да се ослободите од акните и мозолчињата

Реклама

Акните се јавуваат и кај девојчињата и кај момчињата во периодот на адолесценција кога физичкиот изглед е многу важен и затоа претставуваат сериозен проблем кој треба да се реши брзо и ефикасно.

Основната причина за појавата на акните е преосетливоста на нивото на хормонот тестостерон поради која лојните жлезди лачат голема количина на лој, кој ја мрси и штити кожата. Поради големата количина лој, наместо да се исфрлат низ лојните канали кога ќе изумрат, клетките се натрупуваат и го зачепуваат каналот. Насобраниот лој се стврднува и создава црни или бели чепчиња. Бактериите присутни на кожата лесно се размножуваат на насобраниот лој, предизвикувајќи црвенило и отеченост типични за акните. Во потешките случаи акните и мозолчињата можат да се претворат во тврди отоци или цисти исполнети со течност.

Маркетинг

Состојбата на акните може да се влоши поради употребата на одредени лекови како некои контрацептивни пилули, кортикостероиди и антиепилептици. Кај некои жени акните упатуваат на полицистични јајници, кои можат да предизвикаат нередовни менструации, неплодност, претерана влакнатост и дебелеење.

KАKО ДА ЈА СПРЕЧИТЕ ПОЈАВАТА НА АКНИ И МОЗОЛЧИЊА?

Маркетинг

Доколку сте склони на акни и мозолчиња, обидете се да ги следите следниве совети за да ја спречите нивната појава:

#1. Мијте го лицето со благ сапун кој нема да ја суши кожата. Користете сапуни со киселост која одговара на киселоста на кожата. #2. За хидратација на кожата одберете лесни производи без маснотии. #3. Ултравиолетовите зраци помагаат за ублажување на акните и затоа секојдневно треба да ја изложувате кожата на дневна светлина и свеж воздух барем половина час, но не кога сонцето е најјако #4. Внимателно бирајте ги средствата за сончање, да не содржат парааминобензоична киселина и состојки кои можат да ги зачепат порите #5. Избегнувајте претерано потење и долготрајно престојување во влажна средина. #6. Избегнувајте додатоци на исхраната кои содржат јод и јодирана сол кои можат да допринесат за влошување на акните. #7. Еднаш до два пати дневно нанесувајте на акните масло од чајно дрво со чисти прсти или на парче памук или газа. Маслото можете да го разблажите во вода. #8. Внимавајте косата да не ви паѓа преку лицето, посебно ако многу ви се мрси и избегнувајте да го допирате лицето #9. Мрсната кожа треба да се мие со топла вода бидејќи ги раствора маснотиите и ја подобрува циркулацијата. По миењето со топла вода, лицето треба да се измие и со ладна вода за да се соберат порите и да се освежи кожата. #10. Лосионите за лице не треба да содржат алкохол туку треба да бидат благи, дури и за кожа со акни.

Лекување

АРОМАТЕРАПИЈА

Некои етерични масла помагаат во регулирањето на работата на лојните жлезди, како смрека (да се избегнува во текот на бременоста) и атласки кедар (да се избегнува во првите 20 денови од бременоста). Лавандата и гераниумот имаат антисептички и лековити својства, а римската камилица и горкиот портокал помагаат во намалувањето на кожните воспаленија.

ПРОБАЈТЕ ГИ СЛЕДНИВЕ РЕЦЕПТИ:

Во половина шолја вода ставете по две капки масло од смрека и масло од атласки кедар. Во текот на денот нанесувајте од течноста на акните со памукче на секои два часа.

На една лажица масло од јојоба или бадемово масло додајте 2 капки масло од смрека, измешајте и нанесувајте на проблематичните места на ист начин како погоре.

Во пет лажици масло од јојоба ставете по две капки масло од горчлив портокал и масло од атласки кедар. Истата количина од овие две етерични масла додајте ја во безмирисен лосион за кожа. Смесата со масло е наменета за ноќна, а лосионот за дневна употреба.

БИЛНИ ЛЕКОВИ

Земете еднакви делови од сушен корен на глуварче, чичок, коприва, столисник, иванско цвеќе и рудбекија и направете чај. Пијте го чајот еднаш до два пати дневно по една шолја.

Сварете две-три лажици сушен босилок во шолја вода и оставете да се олади. Потоа со памукче потопено во течноста исчистете ја кожата.

Испарете го лицето држејќи го над вода што врие 10-15 минути, а главата прекријте ја со крпа. Кога ќе се исуши, нанесете ружина водичка или водичка од бозел, или дестилирана вештеркина леска или чај од невен. Исто така можете да ја употребите и топлата вода во која ќе додадете неколку капки тинктура од невен.

ПРИРОДНИ ЛЕКОВИ ПРОТИВ АКНИ И МОЗОЛЧИЊА

Рецепт со лук: истолчете 1 чешне лук и прелијте го со 100 мл. 65% алкохол, оставете го преку ноќта, исцедете и чувајте во темно шише до употребата. Со памукче нанесете на местата зафатени со акни. Секојдневно притискајте ги со памукче заболените места. Многу брзо ќе забележите дека кожата се чисти, а акните исчезнуваат.

Рецепт со лимон: гнојните акни на лицето брзо ќе исчезнат ако неколку пати на ден ја притиснете акната со стапче за уши натопено во сок од лимон. Повторувајте ја постапката неколку пати на ден, додека акната не се повлече.

Рецепти со лубеница: намачкајте го лицето со сок од лубеница или протријте го со кришка лубеница и веднаш ќе забележите освежување. Кожата одлично ќе ја исчистите со парчиња ладна лубеница. Лубеницата и како состојка на лосион одлично ја лечи кожата кога ќе се појават акни и мозолчиња и разни нечистотии.

Исечете 100 гр. лубеница на мали парчиња и оставете ја да пушти сок. Истото направете го и со 100 гр. краставица. Измешајте еднакви количини од добиените сокови и ќе добиете одличен лосион за кожа со акни. Овој лосион можат да го користат и мажи со преосетлива кожа после бричење, ќе помогне да исчезнат црвените флеки и мозолчињата. По потреба кожата можете да ја дезинфицирате со алкохол.

БИЛНА МАСТ И ЧАЈ ПРОТИВ АKНИ

Загрејте една голема лажица пивски квасец на пареа и со смесата мачкајте ги акните наутро, на пладне и навечер по неколку минути.

Исто така, маст против акни можете да направите и од три големи лажици ситно исечкани листови од тегавец и две лажици масло за јадење. Убаво измешајте и ставајте на деловите на лицето со акни. Маслото треба да стои по еден час три пати на ден. Многу брзо ќе забележите дека акните едноставно ќе исчезнат.

Ако гнојните акни се сеуште тврди и треба да созреат, можете да пиете чај кој се прави така што три големи лажици иситнет лист од тегавец и цвет и лист од подбел, се преливаат со литар врела дестилирана вода и се остава да отстои два часа подалеку од извори на топлина. Потоа чајот се процедува и се засладува со мед и се пие во текот на денот. На болните места се ставаат три пати дневно по два часа облози од непрецедениот остаток од чајот, кои се менуваат на секој половина час. По отстранувањето на облозите болните места се бришат со млак чај од камилица. Овој третман треба да го повторувате пет последователни денови.

АКНИТЕ И НАЧИНОТ НА ИСХРАНА

И покрај некои тврдења дека чоколадата или мрсната храна влијаат на појавата на акните, најголемиот број истражувања покажуваат дека храната не влијае на акните. Но сепак, најдобро е секој сам да си води сметка за исхраната и да провери дали можеби некој вид на храна влијае на појавата на акни или ја влошува состојбата на постоечките. На пример, некои жени тврдат дека јадењето на поголеми количини на чоколадо непосредно пред менструалниот циклус е поврзано со појавата на акни. Луѓето склони на акни имаат пониско ниво на витамин А во крвта па затоа внимавајте овој витамин да биде доволно застапен во вашата исхрана. Не го земајте како додаток, освен по упатство на лекар.

Мит: Чоколадата ја поттикнува појавата на акни.
Вистина: Ниту една студија досега не потврдила дека постои врска помеѓу чоколадата и акните.

Мит: Колку потемелно и почесто го миете лицето, кожата ќе ви биде почиста.
Вистина: Претераното миење и третирање на лицето ја иритира кожата и воспалените места стануваат уште поцрвени. Доволно е лицето да се мие и чисти два пати на ден.

Мит: Сончањето е добро за акните.
Вистина: Акните нема да се повлечат доколку ги изложувате на сонце, туку поради исончаниот тен помалку ќе се познаваат. Изложувањето на УВ зраци всушност ја влошува состојбата

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button