Реклама
Модни совети

Еве како девојките мамат и ги кријат своите недостатоци

Реклама

За момците ритуалот на средување е многу едноставен – туширање, евентуално бричење и подготвени се.

Маркетинг

Затоа тие и немаат многу можности да скријат евентуални недостатоци, па девојките од самиот почеток знаат со кого си имаат работа, барем што се однесува до изгледот.

Кај жените работата е значително поинаква, така што не може да бидете сигурни како таа навистина изгледа сѐ додека не ја видите свежо туширана. И гола.

ШМИНКА

Маркетинг

Најочигледен е првиот чекор – шминката. Ако мислите дека шминката не може многу да покрие или да измени, тогаш сте во тешка заблуда. Ова го докажуваат и бројни актерки кои често не можеме да ги препознаме кога ќе ги видиме во  природно издание, надвор од црвениот тепих. А девојките во последно време сѐ  повеќе се намачкани – така сега умеат да се нашминкаат како Ким Кардашиан, така што очите им изгледаат поголеми, носот помал, а лицето потесно. Значи, ова е еден од најчестите начини да се скријат недостатоци. Најголемата промена сигурно претрпуваат веѓите, па така девојка со многу тенки веѓи, но со малку вештина и со помош на моливче, лесно би можеле да има веѓи како Кара Делавинг. Да биде ситуацијата уште полоша, во последните неколку години сѐ популарна станува трајната шминка, која не може да се отстрани со миење.

PUSH-UP ГРАДНИK

Еве еден тажен факт – момците едноставно не може да знаат колку навистина се големи градите на девојка сѐ додека таа не го соблече градникот. Рака на срце, големината на градите и не би требало да биде една од причините зошто некоја ви се допаѓа (да, да, момци!), но, сеедно, и ова е уште еден вид измама која за многумина не им е сѐ едно. Поновите модели на градници со потпунки може да ги зголемат грдите и за три величини, а тоа воопшто да не биде очигледно кога девојката носи блуза одозгора. Најпопуларни се оние со меки потпунки, но овие градници не се само болна точка за мажите, туку и за самите дами, бидејќи се  прилично неудобни.

KОРСЕТ

Кралицата на корсетите, Ким Кардашиан, не се појавува без оваа помош во јавноста. Не само што на овој начин таа ја обликува фигурата и симнува неколку килограми визуелно, туку го крие целулитот и разните нерамнини.

Во превод, еден добар корсет може да замени часови и часови мачење во фитнес салата и правилен избор на храна. Затоа девојките често се одлучуваат за ова помагало, особено кога носат многу тесни фустани, па дури и некои од најжешките холивудски актерки често носат растегливи килоти во такви околности.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button