Трендови

Еве како Македонките го носат трендот кој е хит ова лето – фустани кои ги сокриваат сите маани и кои им стојат добро на сите!

Advertisement

Тренд кој израдува многу девојки, а и нашите девојки го обожаваат …

Advertisement

Фустаните им се омилени модни парчиња на девојките, па затоа сите ги имаме во голем број во нашите плакари. Што се однесува до оваа летна сезона, во мода се лелеави, подолги модели (или евентуално оние кои се со должина до под колена), кои можат да ги покријат сите недостатоци и кои можеме да ги носиме дури и во наште деловни изданија. Тие истовремено изгледаат и мошне модерно, крајно се удобни и добро им стојат на сите.

Оваа сезона мошне популарни се фустаните-кошули, особено оние кои се зачинети со риги и кои сега можете да ги сретнете насекаде како низ продавниците на познатите брендови, така и на нашите улици. Овој прекрасен модел што го носи нашата позната блогерка Дани Ѓуровска е од македонскиот бренд Bella, а поради неговата должина и ракавите можете да го носите дури и на работа, во комбинација со рамни сандали или високи потпетици.

Advertisement

И долгите бели фустани се маст-хев за овој период од годината. Единственото што треба да внимавате е да не ви се гледа долната облека под него!

Фустан во жолта боја се мошне популарни, а Северина со оваа креација од Гучи предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

Еве една одлична варијанта што ова лето ја фураше Марјана Станојковска.

Фустанот што го носи нашата згодна водителка Јелена Спенџарска има мошне впечатлива боја и е со атрактивен дезен со кој веднаш привлекува внимание. Моделот е со интересен крој и карнери кои го прават да изгледа модерно и сензуално.

Моделите со спуштени раменици им стојат добро на сите, а романтичниот дезен што го избра Розга е совршен за летните вечерни пригоди.

И за крај, секако, да не ги заборавиме фустаните со цветни дезени кои се популарни секое лето и на кои не можеме да им одолееме. Покрај тоа што се женствени и модерни, со долгите модели многу лесно можеме да ги покриеме и сите недостатоци на телото.

Фото: Инстаграм/Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button