Лидија Вукичевиќ има совршена коса, а ова е нејзината тајна
Одличен трик за нега на бујна коса …
Познатата актерка за нејзината специфична коса користи италијански амино-кератин, но секогаш добро и годат и третманите направени во домашни услови. Таа со години користи маслиново масло, жолчка и АД капки. Ја става смесата на косата, па ја витка во фолија, па во крпа, и така преспива. Нејзината коса утредента е како свила.
Производ на месецот – моливче за веѓи од кое се воодушевивме >>
Што се однесува до маските за коса, таа ги користи секогаш кога ја мие нејзината коса. Не користи регенератори, но маска задолжително, без разлика дали е лето или зима. „Секој трети ден ја мијам косата, што значи тогаш користам и маска. Не ја држам долго како онаа со маслиновото масло, туку околу 15-на минути“, вели Лидија Вукичевиќ за Blic.rs.
Како да се спасите од мрсната коса со природни средства >>