Само 16 килограми е потешка од нејзиниот син Масон
Две недели со органска прехрана која покрај житарки и зеленчук се состои и од повеќе течни оброци во денот кои дополнително и помагаат на Кортни Кардашијан да биде среќна и полна со енергија преку целиот ден. Во новата епизода „Keeping Up With The Kardashians“ таа се пофали дека има 44 килограми со што само 16 килограми е потешка од нејзиниот осумгодишен син Масон кој со своите 28 килограми има сосема здрава тежина за својата возраст.
https://www.instagram.com/p/BiAuxLdjgMz/?taken-by=kourtneykardash
„Наутро пијам смути со додатоци како протеини од коски од риба, масло со триглицериди од среден синџир и алги E3Live. Потоа е време за храна. За ручек избирам органско зеленило и најчесто јадам салата. Во последно време правам салата со авокадо, варени јајца, краставица и патлиџани. Напладне пијам топол зелен чај и нешто ќе грицнам. Во последно време открив чипс од слануток кој посебно ми се допаѓа. За вечера јадам лосос или пилешко на скара, пире со лук, пржени моркови и брокула со бел ориз. Јадам бел ориз навечер бидејќи тогаш најлесно се вари. Мојот нутриционист вели дека кафеавиот е за ручек, додека белиот е добар за вечера“, напиша Кортни на нејзината веб страница.
https://www.instagram.com/p/BhpHvKpDUm0/?taken-by=kourtneykardash
https://www.instagram.com/p/BhaogyxjamN/?taken-by=kourtneykardash
Денот го почнува со раствор од колаген во вода што посебно и годи на кожата на Кортни која наскоро ќе напони 40.