Диети

КАКО КЕНЕЧНО ДА ОСЛАБИТЕ: Решението е едноставно и целото време ви е пред носот!

Advertisement

Главната фора е во тоа дека веднаш треба да станете свесни дека имате направено лош избор и нездравата храна почнува да ви се гади.

Advertisement

Доколку им верувате на научниците кои имаат направено бројни студии на тема слабеење, најдобар рецепт за губење на килограмите е многу едноставен, и многу лесно можете да се придржувате до него! Имено, тие дошле до заклучокот дека најефикасен начин за губење на килограмите е да јадете пред огледалото!

Тие низ нивните студии открија дека личности кои јадат нездрава и брза храна пред огледало помалку уживаат во нејзиниот вкус. Како што објаснуваат, тоа е затоа што станале свесни дека треба да се хранат со здрава храна, па им е непријатно да се гледаат како во телото внесуваа нездрави состојки. Од друга страна пак, оние кои за време на истражувањето пред огледало јаделе здрава храна, не забележале никаква разлика во вкусот.

Advertisement

Тестовите покажаа дека огледалото дава најдобри резултати кога личноста сама ќе го избере јадењето што ќе го јаде, бидејќи во тој случај чувствува одговорност за своите постапки, а во спротивно изборот на намирниците би го препишал на задачата и целта на истражувањето. „Погледот во огледалото на луѓето не им го открива само физичкиот изглед, туку многу повеќе. Им овозможува да се видат објективно и подобро да се проценат себеси и своите постапки“ вели главниот доктор во истражувањето Ата Јами од Универзитетот во Флорида. Затоа според него во просторијата во која што јадете треба што побрзо да ставите огледало.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button