Јарец – Има его кое повеќе сака победи отколку истрајност
Пречките за Јарците се тука само за да покажат дека тие се добри во нивно совладување и надминување. И навистина се добри, најдобри. Но, ако почнат партнерот да го идентификуваат како пречка, а не како предизвик, тогаш ќе ја срушат неговата самопочит и самодоверба и во ниту еден миг нема својата доминација да ја стават под сомнеж.
Водолија – Ќе остават некој фантастичен поради враќање на познат терен
Тој познат терен е можеби осаменоста во која ви е удобно или поранешна врска во која имало толку многу проблеми, па затоа ви изгледала многу реално. Водолиите имаат проблем со реалноста – ја гледаат од чудна перспектива.
Риби – Ќе се вљубат слепо во погрешна личност
Нивната позната ранливоста ќе ги наведе да се отворат и да им веруваат на погрешни луѓе. Толку им е потребно да бидат сакани, галени и пазени, така што како блесаво куче ќе појдат по било кој што ќе им замавна под носот со голема, сочна коска на љубов. Рибите обично се саботираат самите, со своите шашави избори.