Вага – Повеќе ја сака самата љубов, отколку некоја личност пособно
Вагите сакаат искуство и нема да одолеат да не му се препуштат. Тие го прифаќаат секој предизвик, раководени од идејата дека повеќе ќе жалат поради нештата што не ги направиле, отколку поради оние кои ги направиле. Љубовта за Вагите е погонско гориво и нема да се двоумат да го наточат на секоја пумпа којашто ќе им го сврти вниманието.
Шкорпија – Мами, но љубовта нема никаква врска со тоа
Шкорпиите важат или за најголеми измамници, или за најпосветени партнери во хороскопот. Љубовта со тоа нема никаква врска. Ќе мамат бидејќи се сигурни дека нивното тело им припаѓа само ним и дека партнерот не полага никакво ексклузивно право врз нив, или ќе бидат целосно посветени од длабокото чувство на должност и самопрегор.
Стрелец – Има смисла за хумор којашто семејството на неговиот партнер ја мрази
Кога фамилијата ќе се обедини против вас, лошо ви се пишува. А зошто не можат да ве смислат? Па поради она што е најдобро во вас – вашата чудно извртена, откачена и уникатна смисла за хумор. Ги прозивате оние нешта со кои тие не умеат ниту во реалноста да се соочат, а не пак со нив да се шегуваат. Само еднаш партнерот да му се пожали на семејството дека сте биле брутално циничен во моментот кога тој бил лабилен и ранлив и готово е со вас.
Премини на следната страна >>