Реклама
Хороскоп

ХОРОСКОПОТ ОТКРИВА: Како ќе ја саботирате долгата врска

Реклама

Рак – Ќе го удави партнерот со својата потреба за докажување на љубовта

Раковите знаат да сакаат нежно, страсно и посветено, така што крај нив се чувствувате топло, заштитено, згрижено, разгалено и пазено. Но, Ракот сака постојано да му докажувате и покажувате колку тоа ви годи, колку не можете без него и дека во целост му припаѓате. Кога ќе ги стисне неговите клешти околу вратот на љубовта, Ракот умее неконтролирано да дави.

Маркетинг

Лав – Секогаш ќе мисли дека може да најде некој подобар

Бидејќи во сè мора да биде најдобар, на Лавот постојано му требаат нови докази за тоа колку е апсолутно фантастичен и совршен. Во постојаната потрага за некој подобар (штом работите ќе станат уиграни и еднолични), Лавот, всушност, бара огледало во кое ќе го покаже своето најдобро лице. Поради тоа, често ја губи најдобрата можна личност – затоа што почнал да ја зема здраво за готово.

Маркетинг

Девица – Ќе го излуди партнерот со својата прецизност и организираност

Девиците се често луѓе со висок квалитет, полни со неверојатни способности и вештини. Но, тие знаат најдобро и како партнерот може да ги унапреди неговите вештини и постојано ќе се обидува да го реорганизира и превспита. За сè постои подобар начин – а Девицата знае кој е тој начин и како да го практикувате. Но, никој не сака да се чувствува толку некомпетентно, нели?!

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Претходна страница 1 2 3 4Следна страница

Поврзано

Back to top button