Како изгледала како невеста, но и во младоста една од најпознатите пејачки во нашата земја (видео)
Ќе погодите ли која пејачка е на сликата?
И денес важи за една од нашите најпознати, но и најубави пејачки, а многумина не се сеќаваат како изгледала некогаш.
Бојана Скендеровски (40) откако се појави на музичката сцена важи за една од најубавите пејачки во нашата земја.
Таа тогаш беше позната и настапуваше со своето моминско презиме, односно како Бојана Атанасовска, а откако се омажи за својот сакан, Васко Скендеровски, пејаката го носи неговото презиме.
Инстаграм/ Бојана Скендеровски
Бојана и Васко во ноември оваа година ќе прослават 10 години брак, а круна на нивната љубов се ќерката Искра и синот Ѓорѓи.
Инстаграм/ Бојана Скендеровски
Бојана нашата публика ја запозна преку популарното музичко шоу М2 потрага по ѕвезда, а едно време беше и водителка.
Принтскрин/ Јутуб
Нејзината емисија „Улица Македонија“ важеше за една од најдобрите телевизиски естрадни магазини, а во изминатиов период беше актуелна и со проектот „Македонијо во срце те носиме“, каде ја пее песната „Заветна“.
Инстаграм/ Бојана Скендеровски
Како таа изгледаше на почетокот од својата кариера, но и како изгледа сега, погледнете во продолжение.
Принтскрин/ Јутуб
Потсетуваме, Бојана наскоро ќе го прослави својот 41 роденден, а неодамна јавно му го честиташе роденденот на својот сакан.
Принтскрин/ Јутуб
Таа деновиве ги изненади сите и со објава во врска со инаугурацијата на Трамп, а повеќе за ова прочитајте тука.