Наши ѕвезди

Како изгледала Елена пред да се омажи и роди три деца – неверојатна промена, поминаа скоро 30 години

Оваа наша позната дама и денес опива со својот шарм...

Advertisement

Беше и остана една од најубавите фолк-пејачки

Нашата позната фолк-пејачка Елена Велевска од бракот со својот поранешен сопруг има три деца, две ќерки и син.

Advertisement

Но таа и денес плени со својот шарм и убавина, а според многумина важи и за една од нашите најубави фолк-пејачки.

Инстаграм/ Елена Велевска

И дека навистина Елена е една од оние жени за кои велиме дека се како виното, колку постари, толку поубави, покажуваат и нејзините фотографии што ги споделува на социјалните мрежи.

Имено, Елена со овие објави редовно ги освојува симпатиите на своите фанови, така што многумина за неа велат дека мами воздишки.

Инстаграм/ Елена Велевска

Таа и во петтата деценија може да се пофали со неверојатно згодно тело, а во текот на летото позираше и во костими за капење.

Повеќе од очигледно е дека таа и самата е задоволна од својот изглед, но и дека и годат бројните комплименти што ги добива.

Инстаграм/ Елена Велевска

Некогаш и сега

Нејзе годините и искуството одлично и влијаат, па така и денес изгледа како милион долари, така што на нејзината совршена фигура, за која ревносно се грижи, може да и позавидат многу помлади девојки.

Но денес ретко кој се сеќава како Елена изгледала на почетокот од кариерата и колку таа се променила досега.

Принтскрин/ Јутуб

Впрочем тоа може да се забележи и од нејзините стари изданија, на кои изгледа како потполно друга жена.

Принтскрин/ Јутуб

Па така на својот прв албум издаден 1999 година, Елена е со црна коса и тешко дека некој би можел да ја препознае.

Принтскрин/ Јутуб

И неколку години подоцна, на албумот „Жена огнена“ од 2005 година, оваа наша прекрасна дама изгледа непрепознатливо.

Тоа може да се забележи и од спотовите од тоа време, па како Елена изгледала пред 20-на и кусур години, но и како изгледа во поновите спотови, погледнете и уживајте во продолжение:

Беше, ама и остана прекрасна дама, нели?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button