Погледнете како изгледа шминкање од 1.500 евра
Кога одбирате шминка, најважен е нејзиниот квалитет, но високата цена не го гарантира секогаш тоа.
Кога одбирате шминка, најважен е нејзиниот квалитет, но високата цена не го гарантира секогаш тоа. Тоа го потврдува и блогерката Шани Гримонд која решила да направи мини експеримент и да ја спореди скапоцената шминка со онаа која ја користат најголем број жени. Така, брендираната декоративна козметика чија цена надминува 1.500 евра, во однос на онаа со „нормална“ цена, не се покажала нешто подобра. Доказ за тоа е и ова видео каде што блогерката ја покажала целокупната техника на шминкање, а користила сосема различни производи. Таа на крајот направила споредба и река: „Знам дека 2.000 долари се многу пари, но повеќе од јасно е дека не ви се потребни толку пари за убаво да се нашминкате.“ Тоа го докажуваат и фотографиите, а кога ќе ги погледнете ќе забележите дека речиси и не постојат разлики. Значи, важно е шминката да биде квалитетна и долготрајна, но не мора да биде скапа.
{youtube}BRzdQZoJWpY{/youtube}