Нега и здравје

Како исхраната ѝ го спаси животот – Татјана победи рак со помош на 7-годишно дете и целосна промена во менито!

После тешка дијагноза и уште потежок пат до излекување, Татјана Поповиќ открива како со макробиотика, емоционален дневник и здрава исхрана успеала да остане здрава цели 20 години – и вели дека сите можеме да го направиме истото!

Advertisement

Кога во 2004 година ѝ бил дијагностициран рак на левиот бубрег, Татјана Поповиќ не ни сонувала дека тоа ќе биде пресвртна точка која ќе ја одведе до потполно нов живот. По мачни терапии, зрачења и операција, телото ѝ било на работ на издржливост. Но, токму тогаш, ѝ се случила средба што ќе ѝ го смени животот.

„Во болничката соба ми влезе момче, имаше само 7 години. Не го познавав. Ми подаде чаша чај и ми рече дека макробиотиката му помогнала да го победи туморот на мозокот“, раскажува Татјана. Тоа било нејзиниот сигнал – да се сврти кон нешто сосема поинакво.

Advertisement

Со поддршка од холивудскиот експерт за макробиотика, Мина Добиќ, ја напуштила хемотерапијата и се впуштила во нова авантура: целосно менување на животниот стил, почнувајќи со исхраната.

 

View this post on Instagram

 

Advertisement

A post shared by Tatjana Popović (@totallywellness)

Денес, Татјана е сертифициран хелт коуч, авторка, предавачка и основачка на брендот Totally Wellness. Веќе 20 години е здрава, полна со енергија и им помага на илјадници луѓе да го пронајдат својот пат кон здравјето.

„Стравот го складираме во бубрезите – и телото реагира“

Татјана верува дека коренот на болеста не бил генетски. Ниту еден член од нејзиното семејство немал рак. Одговорот го пронашла преку традиционалната кинеска медицина, која ги поврзува емоциите со органите.

„Бубрезите се поврзани со стравот. Пет години пред да ми дијагностицираат рак, го изгубив родителот. Тој непреработен страв и болка останале во мене. Болеста беше физичката манифестација на тие потиснати емоции“, објаснува таа.

Затоа, им препорачува на сите да водат дневник на емоции. Запишувајте што јадете и како се чувствувате пред и по јадењето. Со време ќе забележите обрасци кои можат да ве доведат до вистинскиот корен на вашите проблеми – било да се физички или ментални.

Што јаде Татјана и што ви препорачува?

Здравата исхрана, според неа, значи:

Половина од чинијата – зеленчук, по можност термички обработен
Другата половина – рамномерна комбинација на протеини и житарки
Масти и овошје – умерено
Хидратација – задолжителна!

Билки и намирници кои ги препорачува секојдневно:
– Леќа, грав, наут, грашок, боранија
– Киноа, хељда
– Тофу, печурки
– Лиснат зеленчук
– Семки (чиа, лен, сончоглед, тиква, коноп)
– Јаткасти плодови во количина од 30-45 г дневно
– Домашни пуканки без масло
– Чипс од дехидрирано овошје или зеленчук

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tatjana Popović (@totallywellness)

Што е со рибата, месото и конзервите?

„Масните риби“ се најдобар избор – пастрмка, бакалар, харинга, орда, див лосос

Конзервирана риба? Само ако е во саламура или ладно цедено маслиново масло

Избегнувајте рафинирани масла – најдобро е да се готви со кокосово или гхи масло

Татјана денес не само што е здрава, туку инспирира и илјадници други да се соочат со своите навики, емоции и исхрана. Таа верува дека секој од нас може да направи промена – само ако прво поверува дека е можно.

„Исцелувањето започнува во умот. А потоа, со трпезата“ – објаснува таа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button