Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Како хороскопските знаци ја откриваат својата романтична страна: Овенот готви, а Лавот…

Реклама

Секоја личност на различни начини ја покажува својата романтична страна. Не постои книга со стандарди, но астрологијата е овде да ви помогне да сфатите како секој од нас се однесува кога е во прашање романтиката.

ФОТО: asnwersafrica.com

Овен

Кога сака да ја покаже својата романтична страна, Овенот го импресионира партнерот со готвење или уметничко дело. Овните обожаваат да готват за личноста која ја сакаат, а уште повеќе уживаат во наградата кога ќе видат воодушевување на нејзиното лице.

Бик

Кога се расположени за романтика, Биковите не штедат на гламурот и сјајот кои сметаат дека е потребен за да имаат совршен состанок. Тие се подготвуваат со часови, а секоја минута им е вредна, затоа што сакаат да се облечат така што ќе го импресионираат партнерот.

Маркетинг

Близнаци

Близнаците се тивки романтични и својата романтика ја покажуваат преку редок подарок кој го пронашле за својата сакана личност, а тоа секогаш го прикажуваат како изненадување.

Рак

Кога е во прашање романтиката, Раковите се подготвени да се покажат како личност која пружи најголема поддршка и љубов. Во нив ќе видите грижлив партнер и личност која секој би посакал да ја има покрај себе.

Маркетинг

Лав

Лавовите сакаат да купуваат скапи подароци и само небото им е граница колку пари ќе потрошат кога е во прашање саканата личност.

Девица

Девиците се романтични партнери, а даваат два пати повеќе отколку што добиваат. Во нивната природа е да сонуваат големи соништа и да ја следат својата страст, а кога станува збор за другите и кога ќе се заљубат во некој, немаат проблем тоа да го покажат со цело свое срце.

ФОТО: elcrema.com

Вага

Вагите се романтични и околу најмалите ситници. Кога ќе најдат партнер со кој ќе можат да ги поделат своите лични интереси, сметаат дека таа личност е иста како нив. Тие се малку посесивни, но никој не се жали затоа што Вагите го даваат најдоброто од себе.

Скорпија

Скорпиите се склони да се врзат со личноста во која се заљубиле и тогаш може да бидат многу посесивни. Тие се романтичари кои сакаат да ја планираат иднината и саканата личност да ја вклучат во големите соништа.

Стрелец

Стрелците се синоним за романтика, а тоа значи дека живеат како романтични сонувачи. Тие се многу прибирливи околу тоа кој ќе пуштат во својот живот и уште поприбирливи во кого ќе се заљубат. Еднаш кога ќе ја пронајдат таа ичност, можете да бидете сигурни дека таа личност е иста како Стрелците.

Јарец

Јарецот сака добра интимна шега. Кога се чувствува романтично, ќе оди многу далеку за да го пронајде совршениот подарок и да го подари она за што неговата сакана личност сонувала отсекогаш.

Водолија

Водолиите се навистина романтични, но и доста срамежливи, па јавното покажување љубов не е во нивната природа. Тоа го надополнуваат кога се сами со саканата личност. Водолиите сакаат да делат комплименти, а најромантичниот момент настанува кога и двете личности сонуваат заедно.

Риби

Кога ќе ги пододи романтиката, Рибите целосно тонат во состојба на заљубеност. Рибата јасно дава до знаење колку ѝ е важна некоја личност, а на тоа никој не може да одолее.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button