Реклама
Коса

Како да направите долгата коса да изгледа кратко

Реклама

Дали понекогаш посакувате да имате кратка коса, а сепак не сакате да ја скратите?

 

alt

Маркетинг

Еве еден забавен и симпатичен начин како да ја обликувате вашата долга коса во нежна плетенка, претворајќи ја во кратка само за еден ден! Испробајте го овој совет, ќе ви користи, особено сега, кога темпертурите се толку високи…

Прв чекор

Маркетинг

Поделете ја косата на два дела: На средината од главата, хоризонтално, помеѓу вашите ушиња.

Втор чекор

Подигнете го горниот дел од косата со штипка или стегач за да не ви пречи.

alt

 

Трет чекор

Соберете го долниот дел во коњско опавче.

Четврти чекор

Замотајте го опавчето во пунџа и зацврстете го со шнолки. Тие не треба да се гледаат!

Петти чекор

Сега ослободете го горниот дел и почнете да ја делите левата страна на помали прамени.

Шестти чекор

Навиткајте ги прамените до одредена висина колку што сакате да ви изгледа кратка косата и прицврстете со црни шнолки, кои исто така треба да бидат што понезабележителни!

Седми чекор

Откако сте завршиле со десната страна од левиот дел, останатиот дел од косата на десната страна обликувајте го со керамичка пегла или фигаро така што ќе обликувате благи локни, а потоа повторете ја истата постапка од шестиот чекор.

Осми чекор

Додадете некаква украсна шнола со која ќе ги прицврстите дел од прамените и готови сте!

alt

alt

alt

alt

Врати се горе

Поврзано

Back to top button