Со несоодветната и неурамнотежена исхрана се таложат отрови во организмот и се загрозува здравјето, па затоа многу е важно повремено да се спроведе чистење на јетрата и цревата од складираните отрови.
Ако имате проблеми со дигестивниот систем и притоа и сакате да изгубите некој килограм, ова е вистинската рецепта за вас! Оваа едноставна постапка ќе ви помогне за многу кратко време да ги прочистите цревата и значително да го подобрите изгледот на вашата кожа.
Третманот трае триесет денови и помага да се нормализира метаболизмот и да се ослободите од вишокот килограми. По третманот ќе се чувствувате многу поздраво, полесно и помладо!
Секое утро на гладно се јаде порција овес за која ви се потребни следниве состојки: 5 лажици овесни снегулки, 5 (ладна превриена) лажици вода, 1 лажица млеко или јогурт, 5 парчиња јаткасто овошје (бадеми, ореви, лешници) и 1 лажичка мед. Овесните снегулки се преливаат со водата и се остават да отстојат 15-20 минути. Потоа се додаваат и останатите состојки, се промешува и се јаде полека за се убаво да се изџвака. По порцијата овес наутро не треба да јадете и пиете ништо барем три часа (ниту кафе или чај).
Во текот на денот треба да се внесат најмалку 2 литри течност, најдобро вода и зелен чај.
За брзо време тенот ќе ви се исчисти, косата и ноктите ќе станат убави и здрави, а салото полека ќе се истопи, без никакви негативни последици по здравјето.