Ако сакате да имате рамен стомак, а мразите да правите стомачни, применете ги овие совети и за неколку недели ќе го истенчите стомакот!
Многу луѓе едноставно не можат да одолеат на вкусна и привлечна храна. Среќната околност е тоа што ако правите целни вежби за одреден дел од телото треба да внимавате на исхраната, но не се потребни никакви ригорозни диети.
Фитнес инструкторката Ив Лин Кеснер ни покажа како да ги изградиме саканите мускули и да го затегнеме стомакот без многу напор и одрекувања туку само со четири едноставни промени. Овие промени не се радикални, ниту пак ветуваат спектакуларни резултати за кратко време. Сепак, тие даваат одлични резултати на долгорочен план. Најдоброто е тоа што кога ќе ви преминат во навика, изгубените килограми нема да се вратат.
1. Пијте многу вода
Потрудете се да пиете многу вода и да консумирате храна која во себе содржи висок процент на вода како краставици, домати, лубеница и сл., според достапните плодови во годишното време. Кога сте дехидрирани организмот ја задржува водата бидејќи се забавува метаболизмот. За да избегнете дехидратација внесувајте течности во текот на целиот ден. Се препорачува во водата да додадете и малку лимон и на тој начин да ја потикнете детоксикацијата на организмот.
Премини на следната страна >>