Користете ги овие растенија ако сакате бели заби и убава насмевка
Наместо кај заболекар, обидете се да си помогнете на овој начин!
Некои намирници можат многу да ви помогнат забите да ви бидат бели. Погледнете кои растенија делуваат на вашите заби и десни, а ако имате некои од овие проблеми пробајте ги советите што ви се дадени тука.
#Црн чај
Aко имате проблем со десни, секое утро правете гргара со ладен црн чај. Танинот со кој овој пијалак обилува експресно ќе го сопре крвавењето и значително ќе ја намали вашата болка.
#Свежи јагоди
Поради ситните семки со кои обилуваат, јагодите делуваат како природна паста за заби. На вашите заби ќе им даде белина а воедно значително ќе го зајакне и забното месо.
#Анасон
Aко ве мачи непријатен здив, џвакајте семки од анасон. Резултатите ќе ги забележите веднаш.
#Алое вера
Против дентален плак најдобро е да користите алое вера гел стопен во топла вода. Правете гргара!
#Хамамелис
Aко имате често крвавење на десни се препорачува да првите гргара со екстракт од хемамелис.