Реклама
Престиж

Како до половен автомобил!?

Реклама

„Добро упатените во автомобилската индустрија кажуваат дека секој автомобил, штом ќе биде изнесен од салонот во кој што се продава, губи минимум 20 проценти од својата вредност.“

Маркетинг

Што се однесува до ситуацијата кај нас, овој процент е уште поголем. Па така, во време кога (според политичарите!) рецесијата тукушто поминува и економска криза која што веќе 20 години никако да помине, можеби купувањето на половен автомобил е одлично решение за многумина од нас. Но прашањето е каде да го набавите вашиот половен автомобил и како да бидете сигурни во она што го купувате.

Постојат повеќе начини да дојдете до половните автомобили, од гледање на самите автопазари, па се до секојдневно следење на половните автомобили кои што се продаваат на интернет. Понекогаш можете и самите да објавите оглас во кој што ќе опишете каков автомобил барате и до која цена сте спремни да одите.

Маркетинг

Кога ќе најдете нешто што ви го привлекува вниманието, тогаш јавете му се на соственикот и потпрашајте го за сето она што ве интересира. Секако, овие прашања треба однапред да ви се подготвени. Дури откако ќе ги добиете одговорите и тие во најголема мера ви се допаѓаат, следува третиот чекор – а тоа е да го видете автомобилот во живо (ова се однесува само ако сте го нашле автомобилот на некој виртуелен автопазар) и да разговарате за цената.

Доколку пак цената или било што друго не ви се допаѓа во врска со автомобилот, тогаш не заборавајте дека постојат и други начини за да дојдете до половен автомобил. Тука спаѓаат дилерите на стари коли како и сите оние лица кои на своја рака носат автомобили од странство и потоа го регистрираат тука, кај нас, на ваше име и ви ги препродаваат. Претпоставувам дека сите познавате по некој таков. Доволно е само да се запрашате за неговата репутација или да поразговарате со некој од неговите стари клиенти. И секако, да го пронајдете посакуваниот стар автомобил што ве чека некаде во некоја земја членка на ЕУ.

alt

За останати текстови, кликни тука!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button